Зафир во интервјуто вели и дека би сакал да добие награда за животно дело во Македонија, а открива и ако неговата сопруга Сенка добиела национална награда во Србија животот ќе му бил многу попристоен.

Објавил: Весна Петровска | 2 октомври, 2019 15:06

ХАЏИМАНОВ БЕШЕ НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ НА ЉУПКА: Денеска ужива во пензионерските денови и мака мачи со болеста – поради лекарска грешка остана и без око!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Зафир Хаџиманов во интервју за „Курир.рс“ зборуваше за својот живот, за сопругата Сенка и синот Васил, а откри и дека поради грешка на хирургот останал без око.

Кога влегов во осмата деценија од животот почнаа проблемите. Мислам, дека тоа се вика старост. Прво, по грешка на очните хирурзи останав без едното око, потоа на ред дојде срцето, а освен убавата куќа во Скопје од мајка ми наследив и дијабетис. Сега на 76 години почнав и да заборавам. Единствено што правам сега е пишувањето. Мојата здравствена состојба е несреќна, но благодарејќи на компјутерот целиот свет е мој. Ќе седнам па си играм со Фејсбукот, и пишувам за своја душа – вели Хаџиманов.

Зафир во интервјуто вели и дека би сакал да добие награда за животно дело во Македонија, а открива и ако неговата сопруга Сенка добиела национална награда во Србија животот ќе му бил многу попристоен.

Хаџиманов долги години наназад е во среќен брак со Сенка Велетанлиќ, со која што го имаат синот Васил, кој што е џез музичар.

Хаџиманов е родум од Кавадарци, и е автор на голем број на стихозбирки. Има играно во неколку филмови, помеѓу кои и ,,Македонска крвава свадба,,. Носител е на десетици награди и признанија за музика и поезија, а во 2007 година беше промовиран за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

Исто така во македонската јавност кружи емотивната приказна меѓу неодамна починатата Љупка Димитровск и Зафир Хаџиманов.

Режисерот и актер Коле Ангеловски па ја раскажа љубовната приказна на легендарната пејачка Љупка Димитровска и пејачот, композитор и поет Зафир Хаџиманов, за пораталот sdk.mk, социјалните мрежи беа преплавени со коментари кои што се движеа од изненадување, па се до восхит поради големата љубов на популарните пејачи, за која што многу малку се знаело во јавноста. Се коментираше дека дури и нејзината хитовска песна ,,Ѕвона ѕвонат,, која што ја отпеа на ,,Макфест 1990,, во Штип била посветена на Зафир и споменот на него, но како и љубовното разочарување со Зафир придонело таа да го смени животот од корен и максимално да и се посвети на кариерата.

Според сеќавањата на Ангеловски, Зафир и бил дечко на Љупка, а кога на една Нова Година се вратиле за новогодишната забава, Зафир се сплеткал со друга девојка од друштвото.

„Љупка, несреќна ме замоли да ја испратам од Еврејското маало, преку Вардар од другата страна, каде што живееше, на Плоштадот. Кога? Во еден миг се наведна сакајќи да се фрли од Камениот мост, и да се самоубие. Секакви работи и изнакажав, и некако ја испратив до дома. Потоа, таа замина за Загреб, се офарба руса, го оперираше носот, се омажи за Никица Калоѓера, и стана пејачка“, вели Ангеловски во сеќавањето по веста за смртта на легендарната југословенска пејачка на шлагери, глас кој на овие простори потсетува на среќна

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.