Според најавите на Владата, во текот на денешниот ден јавноста ќе ги дознае имињата на сите осуммина министри.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јуни, 2019 12:03

Хисни Исмаили, НОВ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Алсат од извори во владата го дозна името на еден од новите министри за култура. Се работи за Хисни Исмаили, кој е редовен професор на Тетовскиот Универзитет.

Според изворите од Алсат се работи за универзитетскиот професор, Хисни Исмаили, кој ќе го води Министерството за култура.

Од министерството за култура пред еден месец оставка си даде Асав Адеми. 

-По моите објаснувања и образложенија поврзани со здравствени причини, Централното раководство го прифати моето барање, но со цел да не влијаеме врз изборниот процес на претседателските избори одлучивме да го објавиме по завршувањето на изборниот процес. Јас пред 2-3 недели објавив метла на мојот личен профил на Фејсбук. Целосно го поддржувам премиерот и „метлата“ што ја најави-рече Адеми.

Според информациите од Владата, во текот на денешниот ден јавноста ќе ги дознае имињата на сите осуммина министри.

Хисни Исмаили е универзитетски професор на Тетовскиот универзитет. Исмаили е лекар по професија, за сега нема потврда дали Исмаили е кадар на ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.