При акцијата приведен е и возачот на комбето

Објавил: admin@magazin | 8 јули, 2018 16:23

Хрватската полиција пресретна 31 илегални мигранти

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Хрватската полиција во едно комбе во близина на градот Кореница откри и приведе 30 мигранти од Пакистан и еден од Индија, за кои е утврдено дека илегално влегле на територијата на Хрватска.

При акцијата е приведен и возачот на комбито, кој е идентификуван како 36-годишен жител на Загреб. Против него е покренато обвинение за криумчарење на илегални мигранти.

Мигрантите биле сокриени во товарниот дел на комбето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.