Над 9.5% од училиштата во европска Хрватска 1-ви септември ќе го започнат без ниту еден првооделенец

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 12:49

Хрватска: Се затвораат шест училишта a во 117 нема ниту едно прваче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Последиците од масовното исселување и се помалиот број новородени се видливи во Хрватска пред почетокот на училишната година, бидејќи шест основни училишта се затвораат затоа што нема ученици, а во 117 училишта нема ниту еден ученик запишан во прво одделение, објави порталот Индекс.

Според привремените податоци, кои порталот ги добил од Министерството за наука и образование, во училишната година 2018/2019 настава нема да се одржува во шест подрачни училишта во кои нема ученици, а две се затвораат бидејќи се селат во новоизградени објекти.

Се проценува дека е алармантен податокот шо оваа училишна година во 117 училишта не е запишан ниту еден нов ученик.

Доколку се пресметува процентот на училишта во кои нема ученик во прво одделение, тогаш тоа е 9,5 отсто, навеле од хрватското Министерство, со напомена дека некои училишта во кои нема ученици од прво одделение ќе продолжат со работа, бидејќи таму има ученици во второ, трето и четврто одделение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.