Поединци од ДУИ се вклучиле од почеток во организирањето на оваа Фингерајка, и вниманието на Ѓоко Котевски  е одвлечено на друга страна

Објавил: Македонка Димкин | 23 февруари, 2019 23:37

Платеникот Цветанов: Заменик директор од ДУИ му го смести на директорот Ѓоко Котевски!

Фото/Текст извор: ©фесјбук / магазин

Според Цветанов кој беше обвинет за злоупотреба на службена положба, директорот на Затворот требало  тој ден да биде дефокусиран со празни активности, од страна на Заменикот Директор Садуш Арифи кој е кадар на ДУИ.Договорен бил итен и неодложен состанок, на кој состанок имало викање, тензии и расправии околу правата на „Заменик Директорот„

Состанокот е назначен како “итен и неодложен политички состанок” а на истиот состанок, присуствувале Мемет Заку, Шеф на кабинет на Бујар Османи и Дејан Ампев Шеф на кабинет на Кирацовски.

КОЈ Е ВАНЕ ЦВЕТАНОВ Во ноември 2011 година МВР поднесе кривична пријава против Ване Цветанов, поранешен директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам (УСППФТ) поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Цветанов се товари дека во период од 2008-2010 година ја злоупотребил службената положба склучувајќи договори за јавни набавки спротивно на законот, при што на правните лица им плаќал авансно, иако според одредбите во договорите исплатата требала да биде после извршената услуга, односно вршел исплати и покрај тоа што услугите воопшто не биле извршени, а во исто време го пречекорил лимитот за користење службени мобилни телефони за него и други двајца вработени, со што ја оштетил УСППФТ, односно Буџетот за 748.533 денари. Исто така во периодот од јануари 2009 година до мај 2010 година пријавениот и покрај одлуката на Влада со која се одредува лимитот за користење на службени мобилни телефони, заедно со други двајца вработени во управата се стекнале со противправна имотна корист пречекорувајќи го лимитот, при што на таков начин тројцата ја оштетиле управата за вкупна вредност од 235.573 денари.

Поединци од ДУИ се вклучиле од почеток во организирањето на оваа Фингерајка, и вниманието на Ѓоко Котевски  е одвлечено на друга страна. Операцијата е завршена, а наместен и жртва е токму Директорот Ѓоко Котевски ни крив ни должен.

Првата прошетка на која Спиро наводно „провоцирал„ други притвореници, се случува околу 11.30

После кратката расправија и повлечи-потегни, состојбата е смирена.

Командир на Смена е Оливер Цековски од Крива Паланка, близок до опозицијата. Командирот, иако е познавач на состојбите и знае што е РИЗИК, за ова не го информира Директорот, туку го информира само главниот Заповедник Сашко Лазаревски кој беше во одлични релации со МВРО ДПМНЕ во времето на режимот. Настанот со Спиро е заташкан и не се превземени никакви мерки за дополнителна безбедност.

Садуш Арифи е спојката помеѓу осомничените терористи од Диво Насеље, и поединци од службите.

Главна спона во организирањето на фингерајката.

Треба да се истражи дали тој го договорил нападот за извесен надомест. Информативно, додека претходно беше во притвор Миле Јанакиевски, бил во иста група за прошетка со човекот кој го нападнал завчера, но имале нормални односи и претходно немало никакви проблеми помеѓу нив.
Изненандниот напад без основ, е класична нарачка и договорка.

Прво, Јанакиески и Ристовски биле нападнати и тепани. За првиот имам информација дека тоа лично му го потврдил на својот адвокат. Поради страв дека има потешка повреда (скршеница), Јанакиески бил однесен во болница. Точно е дека во болница не биле констатирани телесни повреди, што е среќна околност и добра вест, но точно е и тоа дека на неговото тело имало видливи траги од тепањето.

Миле е нападнат околу 13.30. По нападот бара лекарска помош

Лекарката Петра Кончар, очигледно подготвена, крева непотребна хистерија. Миле бара да биде транспортиран во Систина, но од безбедносни причини е однесен во 8-ми септември.

Кој ја дава информацијата до медиумите?
И без разлика што е пресечен делот од планот за во Систина, каде што веројатно би имало уште повеќе циркуз, некој издава “класифицирана информација” каде се наоѓаат двајца осомничени за тероризам. Односно новата локација, болницата 8-ми септември.

Од овие детали, можеме да заклучиме дека Директорот нема врска со вина за фингерајката, а во истата биле вклучени и инволвирани горепосочените.

Одделот за организиран криминал при Јавното Обвинителство, во соработка со МВР, треба детално да го преиспита сето ова, за да се открие целото сценарио и сите сторени кривични дела напиша на Фејбук Ване Цветанов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...