На СДСМ и ДУИ им е јасно дека референдумот е фрлање народни пари во воздух и дека само од ВМРО - ДПМНЕ зависи дали ќе се отвори Уставот или ќе се оди на нови избори

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 14:12

Цензусот виси на опозициски конец?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повеќе од 2 месеци, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, постојано бара претседателот на ВМРО – ДПМНЕ јавно да го соопшти ставот по основ на претстојниот референдум за промена на името.

Зошто е тоа битно? Затоа што без повик за се излезе на гласање, било тоа ЗА или ПРОТИВ, референдумот е осуден на пропаст.

Имено ако опозициската ВМРО – ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не го повика своето членство да излезе на претстојниот референдум за промена на државното име, голема е веројатноста дека потребниот цензус од 903.000 гласа нема да биде постигнат, а тоа автоматски би значело дека референдумот ќе биде прогласен за неуспешен.

Според политичките аналитичари, доколку опозицијата не искаже јасен став во пресрет на референдумот, бројот на гласови што би ги дале традиционалните гласачи на ВМРО – ДПМНЕ заедно со реформаторите во партијата не би изнесувал повеќе од 30 отсто од вкупното членство, односно не повеќе од 120.000 гласа. 

Иако и оваа бројка е преоптимистична.

Како што објаснуваат експертите, оваа бројка не е доволна за да се исполни цензусот и покрај најавената висока излезеност на Албанците од кои се очекува да ја надминат бројката од 200.000 гласа, како и од симпатизерите на владејачката СДСМ за кои се проценува дека ќе заокружат околу 450.000 ливчиња.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека не е толку важно дали ќе биде исполнет цензусот на референдумот, отколку тоа што резултатите од гласањето најмногу ќе послужат за да се изврши политички притисок врз ВМРО – ДПМНЕ.

Цело ова време се поставува прашањето дали ќе се постигне цензусот за референдумот за името. Искрено, јас не сум многу загрижен на тоа поле, бидејќи не треба да заборавиме дека во Македонија сè уште има по некој неопределен гласач, а има и по некој гласач кој не е Македонец или Албанец. Ние отприлика имаме околу 120.000 гласачи од другите етнички заедници.

На крајот на краиштата, не е толку важно дали ќе биде исполнет цензусот или не, бидејќи резултатите од референдумот најмногу ќе послужат за да се изврши политички притисок врз ВМРО – ДПМНЕ за таа да го ратификува Договорот со Грција и да ги спроведе уставните измени. Тој притисок ќе го има без разлика на тоа дали на референдумот ќе гласаат 700.000 „за“ и 100.000 „против“ или, пак, 700.000 „за“ и 300.000 „против“. Мицкоски сега нема избор. Тој може да се вади на тоа дека немало цензус, но дали тоа ќе значи дека нема да ги почитува оние 700.000 гласачи кои гласале „за“? – вели Арсовски.

Заменик генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Петар Богојески, во интервју за „Дојче веле“ објаснува дека бојкотот не е во интерес на опозицијата и на државата, туку на луѓе кои сакаат вината за пролонгирање на евроатлантската иднина да падне врз грбот на партијата.

Цврсто ве уверувам дека повеќе од 85 отсто од членовите на нашата партија поддржуваат ЕУ и НАТО агенда. Само мал дел, нешто помалку од 10 отсто, се против неа. Но, тоа е резултат на револтот кај луѓето, бидејќи за членство во овие организации ние сме буквално уценети од Грција. Зошто треба да се гласа на референдумот? Затоа што референдумот е проект на ВМРО – ДПМНЕ и политиката на партијата и одлуката за проблемот кој го има Грција со нашето име треба да ја донесат македонските граѓани.

Дополнително, за мене тоа е највисока форма на практикување на граѓанскиот суверенитет врз државата. Зошто да се гласа против? Од едноставна причина што нашата партија има јасен став дека не прифаќа промена на Уставот со цел промена на уставното име. Бидејќи овој Договор го менува Уставот, нормално е да се гласа против Договорот, а не против ЕУ и НАТО. И гласот „против“ на овој референдум е глас за Македонија. Зошто не бојкотирам? Затоа што не сакам да ја бојкотирам иднината на моите деца – вели Богојески.

Во основа. Не е ни битно дали референдумот за промена на името ќе успее или не. Битни се бројките на излезеност и гласови дадени ЗА. Ако тие ја имаат тежината на денот, тогаш ќе биде поголем притисокот врз ВМРО – ДПМНЕ. Имено референдумот не го решава Договорот со Грција. И со успешен и без успешен референдум Уставот ќе се отвори по имплементирање на Договорот во Собранието на Македонија каде Заев нема поддршка од 81 пратенички глас ЗА, што е за 9 пратненици помалку од потребното 2/3 мнозинство.

Од оваа гледан точка јасно е дека референдумот се фрлени пари во воздух само и само за притисок врз ВМРО – ДПМНЕ во парламентот да гласа ЗА. Или барем пратеници кои ќе се одметнат од редовите. Иако стои фактот дека по катастрофални резултати на референдумот и немање цензус од излезеноста на Македонија се поизвесно и следат нови четврти по ред предвремени парламентарни избори за пратеници.

А на нив, и СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ веќе се прогласија за победници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.