Геноцидост и прогонот на Македонското население од Грција, во периодот од 1946-та до почетокот на 1948-ма година, по Договорот исто така ќе е предмет на историска корекција

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 6:34

Ципрас во духот на демократска Грција, и геноцидост врз Чамите историски ќе се брише

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека разговорите околу отворените прашања со Албанија продолжуваат на ниво на министри за надворешни работи, но е категоричен дека не постои прашање за Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија).

Како што јави тиранската телевизија, грчкиот премиер посочил дека разговорите кои ги водат двајцата министри за надворешни работи се на добро ниво, но оценува дека тоа се тешки прашања.

Според него, Грција ќе го поддржи отворањето на поглавјата за членство на Албанија, но Албанија мора да исполни голем број обврски а многу од нив, додал тој, постојат уште од 2009 година.

“Станува збор за морската граница, измени во текстовите во учебниците, гробиштата на грчките војници во Албанија и секако едно многу важно прашање а тоа се реформите, кои директно се поврзани со правата на грчкото малцинство. Некој и тука кај нас се обидува да го вметне прашањето за Чамите. Такво прашање не постои, категоричен е Ципрас.
Ципрас смета дека би било добро по споменатите прашања да има консензус, бидејќи за „националните круцијални прашања треба да има добра информираност, разбирање и доверба”.

Тој, нагласил дека Грција има јасна стратегија за решавање на проблемите, но секако без никакви отстапки од главните национални линии. Сето тоа со цел да стане земја лидер во регионот, земја која ги решава проблемите, која не е фактор на поблеми, туку фактор на решенија.

Инаку, албанските медиумите, историчарите и здруженијата на Чамите, тврдат дека Чамарија е територија во северниот дел на Грција во која живееле етнички Албанци, а останала надвор од Албанија на амбасадорската конференција во Лондон во 1913 година, кога областа и била доделена на Грција. Во 1945 година повеќе од 35.000 етнички Албанци биле протерани поради „соработка со окупаторските германски и италијански власти“.

Партијата на Чамите, чиј лидер е Шпетим Идризи, тврди дека вредноста на имотот на протераните Чами, кои бараат истиот да им се врати, тогаш изнесувал околу 350 милиони американски долари, но оти тој сега вреди многу повеќе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.