Македонскиот премиер тврди дека со договорот се бетонира македонската нација и јазик.

Објавил: Македонка Димкин | 14 јуни, 2018 9:47

Ципрас категоричен : Не признаваме македонска нација!

Фото/Текст извор: ©EPT1

За време на неговиот настап на државната грчка телевизија ЕРТ каде што настапи во дебатна емисија со двајца грчки новинари, грчкиот премиер Алексис Ципрас му создаде нови неприлики на својот македонски колега Зоран Заев

Откако од новинарите беше нападнат дека постигнал лош договор за името Ципрас и дека Грција капитулирала тој излезе со став кој што е дијаметрално спротивен на позицијата која што завчера во Скопје ја потенцираше Заев.

Македонскиот премиер пред македонската јавнсот тврдеше дека со договорот се бетонира македонската нација и јазик.

„Не признаваме македонска нација…никогаш нема да ги нарекуваме Македонци, ние секогаш ќе ги нарекуваме Славјаномакедонци“, изјави Ципрас во дебатата.

Според него соседниот народ само се нашол на територијата на поширока Македонија но дека тој нема никаква врска со грчката историја и хеленската култура и тоа во договорот е мноју јасно прецизирано.

Погледнете го видеото посе 16 та минута

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.