петок, 3 мај 2024

MK/ EN/ DE



Ова беше изјавено денес од министерот без ресор на Грција и владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Алфа“, јавува МИА.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 мај, 2019 23:45

Ципрас одлучи: Ќе има предвремени парламентарни избори во Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако грчкиот премиер Алексис Ципрас си поднесе оставка, сега веќе одлучи парламентарните избори да се одржат на 7 јули.

Ова беше изјавено денес од министерот без ресор на Грција и владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Алфа“, јавува МИА.

Премиерот на Грција одлучи да се оди на предвремени парламентарни избори

Како што изјави министерот ваквата одлука наводно била донесена поради државните матури кои се полагаат на 2 јули.

Тој вели дека бил избран 7 јули како датум кога ќе се одржат парламентарните избори за да не се наруши одржувањето на испитите од државната матура кои завршуваат на 2 јули.

Ккао што изјави Ѕанакопулос на 10 јуни, премиерот Алексис Ципрас ќе го посети претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и ќе побара од него да се распушти Парламентот и да распише предвремени избори. Тој вели дека земјата на избори ќе ја одведе актуелната, а не службена влада, со единствени промени во министерствата за цивилна заштита и внатрешни работи.

Ципрас рече дека ќе побара претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори, откако неговата партија загуби и на европските и на локалните избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.