Ципрас во Скопје ќе биде на конференцијата посветена на Западен Балкан што ја организира „Економист“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2019 10:49

Ципрас на 1 октомври на посета во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 1 ви октомври лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на соседна Грција, Алексис Ципрас доаѓа во посета на Скопје.

Ципрас во Скопје ќе биде на конференцијата посветена на Западен Балкан што ја организира „Економист“.

„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ е насловен Самитот за Западен Балкан.

Алексис Ципрас е роден на 28 јули 1974 во Атина — грчки политичар член на парламентот на Грција, претседател на Синаспизмос и шеф на парламентарната група СИРИЗА и поранешен премиер

На самитот кој ќе опфати повеќе актуелни теми ќе дебатираат и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за финансии Нина Ангеловска, лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас, поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, заменик претседателот на ЕП и европратеник од СИРИЗА Димитрис Пападимулис, поранешниот премиер на Белгија Гај Ферхофштад итн.

Конференцијата посветена на Западен Балкан ќе биде отворена со обраќање на премиерот Зоран Заев, на тема „Стабилност и развој во Југоисточна Европа, дали сме на правилниот пат?“

На посебна панел дискусија, во рамките на еднодневната конференција Заев, Ципрас и Шулц ќе дебатираат за тоа „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести