Со промена на власта има поголема транспарентност и отчетност, но сè уште има проблеми со кои се соочувавме.

Објавил: Перо Милчин | 3 март, 2019 10:55

Чадиковски: „Има иронични министри кои се закануваат со тужби за новинарите„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Со промена на власта има поголема транспарентност и отчетност, но сè уште има проблеми со кои се соочувавме. Се уште има притисоци, навреди, закани од министри и далеку е од тоа да бидеме задоволни, вели претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето како го оценува односот на актуелната власт кон медиумите, тој рече дека самата смена на актуелната власт донесло една смена на односот кон медиумите, и дека тоа не е доволно, доколку се сака да се има системски промени во медиумите.

Чадиковски во своето интервју за радио слободна Европа изјави дека се уште има министри кои се закануваат со тужби на новинари и денеска има министри што квалификуваат медиуми на овој или оној начин и денеска има министри што наместо да одговараат на новинарски прашања тие одговараат со контра прашање, најчесто во иронична смисла или во некоја друга смисла која би требало да го навреди новинарот.

ЗНМ транспарентно објави јавен повик на којшто требаше да се јават заинтересирани новинари за да бидат предложени од страна на ЗНМ како членови на Агенцијата. Тој беше еден од кандидатите што се пријави. Се пријавија вкупно четворица кандидати, имаше уште неколку пријави коишто беа непотполни, бидејќи ние баравме кандидатите да поднесат и програма за работа во работењето рече Чадиковски.

Тој изјави дека новинарите се запознаени дека има обиди да се формира некаков фонд да медиуми.

Тој смета дека новинарите се против јавните пари во медиумите. Државните пари до сега не донесле ништо добро во медиумскиот простор, само што со тие пари последните 10 години медиумите паднаа на најниско ниво во регионот, рече претседателот на здружението на новинарите во Македонија Младен Чадиковски.

Да, ние сме запознаени со тоа дека има обиди да се формира некаков фонд за медиуми.

Ние принципиелно сме против јавни пари во медиумите. Тој рече дека се има поголема транспарентност, поголема отчетност, тоа може да се забележи, но повторно има проблеми со кои медиумите се соочуваат

Баравме човек што стриктно ќе ги штити интересите на новинарите во Агенцијата за медиумски услуги. Управниот одбор одлучи дека од кандидатите што беа дека тој би бил најсоодветно решение со оглед на тоа што дел од кандидатите коишто исто така беа пријавени претходно биле во раководни тела од вакво карактер како што е Агенцијата или Советот за радиодифузија. Значи го баравме интересот на новинарите и Управниот одбор сметаше дека програмата и кандидатурата на Селмани е најдобра.

Тоа сум го истакнал и пред да станам претседател на ЗНМ и сега сум на истото мислење дека јавните пари, државните пари во медиумите досега не создадоа ништо добро во медиумскиот простор, впрочем ете што се случи во последните десетина година со тие пари во медиумите паднавме на најниско ниво во регионот, бидејќи тие пари и мерки во голем дел беа користени како обид за корупција на медиумите, така што ние сметаме дека македонското општество се уште не е зрело за формирање на модел кој што ќе дозволува јавни пари во медиуми, особено кога станува збор за електронските медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести