Актерот Благоја Чоревски наградата за високо актерско остварување на 26. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, ја доби за улогата на Вилфред Бонд во претставата „Квартет“

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 11:08

Чоревски: Наградата е и обврска да бидеш и понатаму уште подобар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Актерот Благој Чоревски добитник на наградата на фестивалот “Ристо Шишков”.

Чоревски наградата за високо актерско остварување на 26. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, што се одржа во Струмица од 8 до 12 септември, ја доби за улогата на Вилфред Бонд во претставата „Квартет“ по текст на Роналд Харвуд, во продукција на Македонскиот народен театар и „Контрапункт“ од Скопје, како и за неговиот севкупен творечки придонес во развојот и растежот на современиот театар.

Со вакво образложение фестивалското жири, предводено од познатата српска актерка Тања Бошковиќ, одлучи единствената награда за актерско остварување да му ја додели на Чоревски.

За мене тоа е една голема сатисфакција, пред се, затоа што наградата го носи името на мојот колега со кого сум играл. Еден од најголемите наши актери, не еден, туку сигурно најголем. – истакна Чоревски и додаде: Да се добие оваа награда е истовремно и обврска да бидеш и понатаму уште подобар. Нема да бидам подобар од Шишков. Но, ќе се трудам да го достигнам барем уште малку.

Благој Чоревски е македонски актер и режисер но и општественик и политичар.

Тој е син на доајените на македонското актерство, актерсите Трајко и Ратка Чоревски.

Неговиот брат Борис Чоревски е исто така познато актерско име.

Чоревски завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Бил член на Драмскиот театар од 1971 година. 

Во својот работен век бил и директор на Драмски од 1983 до 1998 година како и заменик министер за култура на Македонија во периодот од 1998 до 2001 година.

Има одиграно стотици улоги на театар, филм, ТВ серии но и радио проекти. 

Добитник е скоро на сите престижни награди од театарската фела од поранешна Југославија и самостојна Македонија.

Бил и претседател и советник во Советот на Град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...