Видеото на кое се гледа како од лицето, телото и крстот на Исус Христос течат капки крв, стана вирален хит на социјалните мрежи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 април, 2020 0:53

ЧУДО ВО ГРЦИЈА НА ВЕЛИКИ ПЕТОК: Од лицето и телото на Иcуc Xpиcтoc течат капки крв!

Фото/Текст извор: ©ФОТО-ИЗВОР: опуштено.мк

Верниците во Грција се запрепастени од случката која денеска беше снимена во црквата Св. Андреј во Атина.

Видеото на кое се гледа како од лицето, телото и крстот на Исус Христос течат капки крв, стана вирален хит на социјалните мрежи.

Оваа случка се случила денес на Велики Петок, а според коментарите чудото се случило во црквата Св. Андреј која е наоѓа во близина на старечки дом во Атина, пренесува Опуштено.мк.

Видеото било снимено од самиот свештеник кој имал богослужба во овој храм.

Инаку Велики петок или Велипеток — ден од Страдалната седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

Велипеток се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала.

Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

 Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.