Членот на Европската комисија задолжен за миграциони прашања, Димитрис Аврамопулос, побара од швајцарската влада кон крајот на минатата година да згрижи дополнителен број мигранти

Објавил: Македонка Димкин | 4 јули, 2018 1:05

Швајцарија: Не сакаме мигранти од Италија и Грција!

Фото/Текст извор: ©БФ/SonntagsBlick

Швајцарската влада соопшти дека повеќе нема да прима бегалци од Италија и Грција во рамките на програмата на Европската унија за распределба на мигранти.
Од швајцарскиот миграциски секретаријат (СЕМ) рекоа дека владата на Швајцарија нема изработено план за примање  на мигранти во догледно време.

Весникот “SonntagsBlick” вели дека швајцарската влада објавила пред три години дека ќе прими 1.500 имигранти од Италија и Грција во рамките на планот на ЕУ за распределба.
Овој швајцарски владин план беше имплементиран и со тоа беа 902 имигранти од Италија и 579 од Грција  згрижени.

Членот на Европската комисија  задолжен за миграциони прашања, Димитрис Аврамопулос, побара од швајцарската влада кон крајот на минатата година да згрижи дополнителен број мигранти во рамките на нивниот капацитет. Швајцарската влада го одби барањето врз основа на тоа дека ги задоволила критериумите за планот за распределба.

Италија и Грција се земји на надворешните граници на Европската унија и како такви беа првите што ги погоди мигрантската криза во 2015 година. Европската унија усвои план за распределба на мигранти со задолжителни квоти, со цел членките да покажат солидарност и да го споделат товарот на оваа криза. Планот наиде на жестоко противење од Унгарија, Словачка, Чешка и Романија.

Според многу објави по социјалните мрежи во Македонија почнаа веќе да се градат прифатни центри , но министерката Царовска ги демантираше овие шпекулации и порача да не се наседнува на лагите на опозицијата. Сепак се поставува прашањето ако една Швајцарија која што е една од најјаките економски земји во Светот , во последните години примила само 1500 мигранти и најави дека со тоа ги исполнила обврските, која е тогаш смислата една Македонија која економски е со светлосни години оддалечена од Швајцарија треба да прима десетици илјади мигранти?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...