Тој во своето излагање на Твитер не само што го навреди неговото семејство и луѓето од Шабац, туку ги навреди сите обожаватели кои го почитуваа ликот и делото на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ.

Објавил: Перо Милчин | 23 февруари, 2019 17:17

Шешељ: „Шаулиќ беше вашарски пејач а 1500 будали луѓе бараат улица со негово име„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, утрово на социјалните мрежи напиша навреда за покојниот пејач Шабан Шаулиќ.

Воислав Шешељ, претседателот на Српската радикална партија, утринава на социјалните мрежи напиша уреди за настраданиот пејач Шабан Шаулиќ.

Имено, на својот Твитер профил напиша дека 1500 будали луѓе, веќе потпишале петиција, за една улица што се наоѓа во Шабац, да биде преименувана во Шабан Шаулиќ, односно да улицата да го носи името на трагично настраданиот пејач.

Тој во своето излагање на Твитер не само што го навреди неговото семејство и луѓето од Шабац, туку ги навреди сите обожаватели кои го почитуваа ликот и делото на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ.

Го нарече вашарски пејач, а луѓето кои барале преименување на улицата, напиша дека се будали.

По речиси 11 години минати во затворот во Шевенинген тој во ноември 2014 бил пуштен на слобода поради нарушеното здравје и се вратил во Србија.Судот во март 2016 донел ослободителна пресуда во негово отсуство. Шешељ го поддржувал Слободан Милошевиќ во раните 1990-ти, а во 1998 станал вицепремиер во „владата на национално единство“ која учествувала во Косовската војна. Шешељ се залагал „голема Србија“, држава која би ја опфаќала целата територија на СФР Југославија без Словенија и северните делови од Хрватска. Тој има напишано околу 200 книги кои го содржат неговите политички размислувања и интервјуа.

„Политика денеска известува дека 1500 будали луѓе, потпишале петиција да улицата Авда Карабеговиќ преименува во улица Шабан Шаулиќ.

О Србијо, дали ќе се откажеш од спомените на јунаците, мачениците и врвните интелектуалци  во корист на еден вашарски забавувач, па макар и имаше глас како славеј„

Шабан Шаулиќ настрада во неделата во тешка сообраќајна несреќа, кој се случи во Германија. Беше погребан вчера во родната земја Србија.

Воислав Шешељ е основач и претседател на крајно десничарската Српска радикална партија (СРП) од нејзиното формирање во 1991.

Шешељ своеволно се предал на Хашкиот трибунал во февруари 2003 за судење против обвинувањата за злосторства против човештвото и прекршување на правилата на војување за време на војната во Југославија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести