62- годишната Гордана рече дека не може да се навикне да живее без човекот со кого помина 40 години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 февруари, 2020 17:04

Се бакнавме и го испратив на пат- прва емотивна исповед на сопругата на Шабан Шаулиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вдовицата на кралот на фолк музиката, Шабан, Гордана Шаулиќ својата прва изповед една година по трагичната смрт на пејачот ја даде на 17 февруари.

Таа за прв пат на денот кога трагично го загуби својот сопруг, реши да прозбори за медиумите и си ја отвори душата.

Шабан Шаулиќ (срп. Šaban Šaulić; Шабан Шаулић) (роден 6 септември 1951 во Шабац, Југославија, починал 17 февруари 2019 во Билефелд, Германија) — српски пејач. Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“. Шаулиќ загина на 17 февруари 2019 во сообраќајна несреќа враќајки се од концерт во Билефелд во Германија.

62- годишната Гордана рече дека не може да се навикне да живее без човекот со кого помина 40 години.

– Станав пред него, го разбудив, тој се симна во дневната соба, појадуваше, испи кафе и читаше весници, тоа беа неговите ритуали. Јас за тоа време уште еднаш проверив дали спакувал сè, му подготвив што ќе облече тој ден, го потсетив да ги земе цигарите и лековите. Седевме, разговаравме за плановите за следниот период. Сè беше како и многупати пред тоа. Се бакнавме, го испратив и последна слика која ја имам замрзнато во глава е како ја става капата и излегува од портата на куќата – изјави Гордана за српски „Хелоу“.

Гордана вели дека Шабан ѝ недостига секој момент.

– Не постои момент во кој не ми недостига. Јас за овие година дена потполно се повлеков, не одам никаде, па така не се случиле некои големи случувања за да можам да ги поделам. Како ќе се чуствувам што не е до мене во деновите кои претстојат, кога животот ќе ми носи се надевам убави работи, сè уште не можам да замислам – рекла Гоца.

Гоца вели дека Шабан бил многу внимателен, сопруг, татко, син, пријател. Вели сега животот го минува верувајќи дека тој се уште е овде.

– Она што многу луѓе малку го знаат е дека Шабан беше многу внимателен, не само како сопруг, туку и како татко, син, пријател, соработник… Секогаш се трудеше со подароци да ги израдува блиските луѓе, а за тоа не му требаше причина. Затоа е таков тивок и мирен каков што беше, од страна секогаш набљудуваше кој што сака, во што гледа, за што зборува и врз основа на тоа заклучуваше што сака. Претпоставувам дека овие денови ќе ме следеше сè додека не сфатеше што ми е потребно. Сега единствен подарок од него ми е оној што не може никој да ми го даде – рече Гордана додавајќи дека „одлучила да верува дека Шабан не е заминат“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.