"Мнозинството граѓани ќе гласаат "за" македонска иднинс

Објавил: admin@magazin | 8 јули, 2018 17:14

Шеќеринска за РСЕ: Убедена сум дека референдумот ќе биде успешен

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска убедена е дека референдумот ќе биде успешен и Маке донија ќе стане членка на НАТО.

Убедена сум дека на референдумот мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Ја имаме, нагласува, историската шанса, но ја носиме и историската одговорност.

Според Шекеринска, поважен е односот на сите политички партии кон референдумот, отколку дали ќе биде консултативен или задолжителен.

Во врска со претстојниот Самит на НАТО, министерката очекува да биде исправена, како што истакнува, неправдата и грешката од 2008 година.

Тоа што нашата држава го испушти од раце пред 10 години, сега да го земеме, да го искористиме и да обезбедиме нова шанса за Македонија, порачува министерката.

Целото интервју можете да го погледнете ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.