Градоначалникот на Град Скопје без образложение преку Советот му "подари" на "ВЕРО" паркинг кој беше државен

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 9:58

Шилегов му “подари” на ВЕРО илјадници квадрати државно земјиште

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На предлог на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов Советот на Град Скопје на четиринаесетата седница која се одржа на 18-ти јули  му издаде дозвола за вршење на дејност паркирање на јавно паркиралиште “Веропулос” ДООЕЛ Скопје Подружница Паркинг ВЕРО 2 Тафталиџе Скопје со кое стопанисува самото “Веропулос” ДООЕЛ?!

Без никаква позначајна дискусија советниците на владеачката партија во град Скопје на четиринаесетата седница му “подарија” на “Веро” во скопската населба Тафталиџе неколку илјади квадрати државно земјиште.

На предлог на градоначалникот Шилегов спротивно на Законот и без никакво соодветно образложение за одлука која е на директна штета на граѓаните на Скопје особено на Општина Карпош се донесе оваа чудна одлука со кој на “Веропулос” ДООЕЛ му се овозможува за паркингот кој досега беше бесплатен да наплаќа и парите да си ги зема за себе.

Запрашан да одговори на сомнежите кои произлегоа од ваквата Одлука на Советот а на сугестија на градоначалникот ги отвори советникот од ГРОМ Александар Трајановски  но Шилегов вешто ја напушти дискусијата и го избегна одговорот на ова прашање. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.