Град Скопје со "тивкиот" авион рано изутринава прскаше против комарци а Шилегов во прилог да му веруваат скопјани достави и видео запис со фотографии

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 13:17

Шилегов објави видео запис од прскањето против комарци?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Град Скопје објави видео за да докаже дека утрови службите за прскање против комарци навистина излегле на терен како што најави претходно во соопштение дека ќе се прска овие четири дена.

“Денеска почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. Поради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита.” – најавија од Градот.

Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци како што пишува во соопштението е направено во раните утрински часови а ќе се одвива и во наредните три дена односно до 13 август [ понеделник ]. Потоа прскањето ќе продолжи од земја и ќе се одвива во деновите од 13-ти август до 17-ти август  [ од понеделник до петок ] во период од 23 до 04 часот наредниот ден.

Град Скопје најави уште уште две прскања против комарци кон крајот на август и на почетокот на септември.

видео запис со кој Шилего ги уверува граѓаните на Скопје дека акцијата била изведена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.