Како што можеме да забележиме на видеото Шилегов демонстрираше при обуката на електричниот тротинет.

Објавил: admin@magazin | 12 мај, 2019 21:55

ШИЛЕГОВ: „Откако помина „струјниот удар”, малку нормална вожња!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов при обука на електричен тротинет денеска доби мал електричен шок.

Како што можеме да забележиме на видеото Шилегов демонстрираше при обуката на електричниот тротинет. Веднаш после “струјниот удар„ Петре Шилегов напиша на социјалните мрежи дека со тротинетот се вратил на нормална вожња.

Откако помина „струјниот удар”, малку нормална вожња. Во основа е едноставно, но треба навикнување на почеток. Може и ќе го заменам тротинетот“, напиша градоначалникот Петре Шилегов.

Овие објавите следуваат откако градоначалникот Шилегов овие месеци се најде на мета на социјалните мрежи, по објавата дека на работа оди со електричен тротинет со цел да придонесе во подигање на свеста кај граѓаните во Скопје, за намалување на загадениот воздух.

На локалните избори во 2017 Шилегов станал градоначалник на Скопје по првиот изборен круг со освоени 141.164 гласови, односно 40 илјади повеќе од неговиот противкандидат Коце Трајановски. Пред да влезе во политиката, Шилегов работел во приватна адвокатска канцеларија како адвокат од областа на стопанското право. Тој е оженет и татко на две деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.