Иштван Тарлос, градоначалник на Будимпешта, изненаден од одлуката на градоначалникот на Скопје, Шилегов, да ја откаже посетата поради "проблем" кој е не е под ингеренции на градот

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 ноември, 2018 13:05

Шилегов ја откажа посетата на Будимпешта, градоначалникот Тарлос изненаден од односот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Проблемот во општествено политичкиот живот во Македонија е што централната и локалната власт немаат граничник, па секој мисли дека ја води државната политика.

Имено градоналачникот на Град Скопје, Петре Шилегов ја откажа посетата на Будимпешта која треба да се случи на 22 ноември.

На средбата која била закажана претходно, требало да разговараат и разменат искуства за урбанизам, урбанистичкото планирање, јавниот превоз, подигнување на зеленило.

Откажување на средбата е поради последните настани поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски, кој побара политички азил од Унгарија.

Од кабинетот на градоначалникот на Будимпешта, Иштван Тарлос, кој е на функција во својот втор мандат од 2010 година, информацијата ја потврдуваат, сметајќи ја за несериозна.

Според информации на градските власти, објаснувањето не кореспондира со образложението доставено до нив, но сепак сметаат дека одлуката за откажување на планирата посета е сепак личен чин на градоначалникот на Град Скопје.

Шилегов, заедно со директорите на јавните претпријатија, на 22 ноември имал закажано средба со градоначалникот на Будимпешта Иштван Тарлош и директори и раководители во тамошните градски претпријатија. 

Шилегов според информации од неговиот кабинет на неговиот колега од Будимпешта му пишал дека ја откажува средбата по последните случувања, односно откако Груевски избега Будимпешта и од Унгарија бара азил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести