Светомир Шкариќ можеби треба да се договори сам со себе, дали Македонија е име на оваа земја старо 2.500 години или Северна Македонија е супер идеја?!

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 9:22

Шкариќ, пред 10 години: ” Македонија го носи ова име непрекинато 2.500 години”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Светомир Шкариќ во својата книга ,,Спорот за името меѓу Грција и Македонија’’ во 2008-ma година пишува дека ,,Името го одредува и докажува постоењето!’’

Понатаму тој пишува дека ,,Не постои нешто што нема име, не постои име кое не означува нешто! Македонија го носи ова име непрекинато 2.500 години!’’

Имено Шкариќ вели дека предлагањето на ново име од грчка страна ќе доведе до дезинтеграција на Република Македонија и нејзино исчезнување како самостојна држава.

Во таков контекст, Република Грција со предложеното име всушност се залага за дезинтеграција на Република Македонија и за нејзиното исчезнување како самостојна државa, вели Шкариќ.

Професорот по уставно право Светомир Шкариќ со децении беше противник на промената на уставното име на Република Македонија и беше еден од нај проминентните и принципиелните професори кои се бореа за зачувување на уставното име.

Денес тој има ставови сосема различни од оние што жестоко ги бранеше од независноста. Сега проф. д-р Светомир Шкариќ вели дека без Договорот со Грција, Македонија и натаму ќе остане без државно име на меѓународен план.

Уставното име е неодбранливо, иако е признато од 137 држави во светот. Во негова одбрана застана само Арбитражната (Бадeнтерова) комисија на Европската заедница во јануари 1992 година. Драмата на спорот околу името произлегува од зборот ,,Македонија“ и од неговото различно поимање од страна на Република Македонија и Република Грција. Ако Договорот со Грција не помине на референдумот на 30 септември, акронимот ,,ФИРОМ“ останува во трајна употреба во Обединетите Нации, а Република Македонија ќе се лиши од можност да стане членка на Европската Унија.

Проф. д-р Светомир Шкариќ е автор на првиот учебник по уставно право на македонски јазик. Тој е професор по уставно право на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и е професор на Охридската школа на МАНУ за природно право.

Шкариќ за еден угледен професор е и човек кој ги менува ставовите и тезите со брзина на светлината т.е. со брзина на политиките кои го “одржуваат”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.