Шокатнна изјава на поранешниот премиер Владо Бучковски

Објавил: Узунов Бобан | 20 март, 2019 15:36

ШОКАНТНО Поранешниот премиер од СДСМ Бучковски: СЈО се служи со удбашки методи за подобар статус !

Фото/Текст извор: ©магазин

Нон пејпер за исплата на 7,5 милиони евра не постои. Тоа е удбашко-сталинистичка манипулација, која за жал, обвинителката на СЈО ја користи за ’подобар статус‘ на СЈО во преговорите на неговата иднина. 

Ова за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК  го изјавил експремиерот Владо Бучковски по денешното судење за „Маџар Телеком“, на кое обвинителката на СЈО Лиле Стефанова на сведок му цитираше содржина од нон пејпер за исплата на поткуп од 7,5 милиони евра за Владата претставувана од Бучковски, за Али Ахмети и за Муса Џафери. 

Името и презимето на Владо Бучковски, премиер на Владата во 2005 година, како претставник на страната А – Владата и „пријателите од Тетово” напишани со иницијали А. А. и М.Џ. стојат на неофицијален документ (нон пејпер) со страната Б – Матав Маџар, за исплата на 7.500.000 евра на страната А, за таа да го одложи воведувањето на трет мобилен оператор тоа време во Македонија.
Слободан Богоевски, како сведок на судскиот процес во Њујорк за овој случај, откри дека зад иницијалите А.А. И М.Џ. се лидерот на ДУИ Али Ахмети и долгогодишниот вицепремиер Муса Џафери, кои го тужеа за клевета и изгубија пред Апелациониот суд во Скопје.

На тој неформален документ на крајот пишува: мај 2005 година, За страната А и „пријателите од Тетово“ – Владо Бучковски. За страната Б – Елек Страуб. Нема печат ни потписи на нон пејперот

Јас едвај го чекам сведочењето на Слободан Богоевски кое ќе го даде пред наш суд, за да поднесам кривична пријава за давање на лажен исказ. Документот кој денеска го покажала обвинителката Лиле Стефанова ми беше предочен и мене, кога сведочев пред Комисијата за хартии од вредност во Вашингтон во февруари 2014 година. На секого што го видел тој документ со никакви потписи, му е јасно дека станува збор за фалсификат создаден во удбашко-сталинистичката кујна на Богоевски“, најави експремиерот Владо Бучковски.

На денешното судско рочиште обвинителката Лиле Стефанова рече дека доказите кои денеска му ги предочи на тогашниот министер за транспорт и врски Џемали Мехази, се од Комисијата за хартии од вредност од Вашингтон 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.