По ваквиот наслов, пејачката ведна се огласи на својот Инстаграм каде со порака упатена до сите фанови порача дека Поповиќ сака да ја оцрни бидејќи од хрватските институции не го добил она што го сака.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 мај, 2019 11:12

Шокантно: Северина обвинета за обид за убиство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата балканска дива Северина, деновиве се соочува со тешко обвинување. Имено станува збор за насловната страница на српски „Телеграф“ која осамна пред неколку дена, а шокантно беше тоа што беше објавено дека пејачката Северина, сега сопруга на Игор Којиќ, синот на познатиот фолкер Кеба,  се обидела да го убие таткто на нејзиниот дете, односно нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ и дека полицијата го истражува нападот.

Милан Поповиќ претходно ја има пријавено познатата хрватска пејачка во Центарот за социјална заштита поради семејно  насилство.

По ваквиот наслов, пејачката ведна се огласи на својот Инстаграм каде со порака упатена до сите фанови порача дека Поповиќ сака да ја оцрни бидејќи од хрватските институции не го добил она што го сака. Нагласи дека не е убиец, туку само мајка и само Северина, а нејзината објава предизвика бурни рекции.

-Во судската борба за своето дете, од неговиот татко добив, покрај досега разни епитети и поставени „дијагнози“ и неслужбен статус на „убиец“ во обид на таткото на детето. Причината е едноставна… Таткото не успеа да добие веднаш и сега она што го зацртал од надлежните хрватски институции вклучени во постапката, па незадоволен и лут по вчерашното судење „пушти“ во јавност вест за обид за убиство од моја страна и тоа со помош на мојот сопруг Игор. Да не беше жално, ќе беше трагикомично со што се служат поединци во борбата на суд, а се без интересот кон своето дете, и да границите на „ферл плеј“ и интерес ги нема, туку цел за тотално мое уништување како мајка и јавна личност. Секому е јасно дека тоа е платен оглас и дека ако треба мајката ќе биде прогласена за убиец. Не сум убиец и нема да бидам, јас сум само Северина која не се лути на наведените поединци, бидејќи не се тие криви што составот не им функционира и дозволува да прават што сакаат со помош на пари… нема да поднесам тужба поради наведениот платен „оглас“ во медиумот, бидејќи секому е јасно каква личност тоа може да го прави и тоа на своето дете, а јас и понатаму ќе бидам мајка на своето дете и само Северина. Како што вели една песна „далеко му куќа..“, вели  пејачката на Инстаграм.

Инаку драмата и обвинувањето за убиство започнаа откако бизмисменот Милан Поповиќ во полиција пријави дека наводно, пред неговата куќа во Загреб, нешто после поладне, автомобил марка ауди кој наводно е во сопственост на Северина Којиќ, се паркирал пред влезот во гаражата. Од возилото наводно излегол Игор Којиќ, кој потоа се упатил кон капијата и оставил мистериозен пакет.

Пред мојата куќа беше ставен предмет кој што наликува на свеќа, исполнета со црн катран. На камерите се гледа дека предметот гори, но за среќа поради тоа што имаше ветер, пламенот се изгасил. Полицијата прави форнезичка обработка да види за каков предмет станува збор, а на видеото јасно се гледа дека Игор е тој кој го остава предметот, рече Поповиќ, поранешниот сопруг на пејачката за хрватските медиуми.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.