Игор нема професија, единствена цел му е да ужива, да патува и да ги потроши парите на Северина.

Објавил: Едмонд Бекири | 20 мај, 2020 20:24

ИГОР КОЈИЌ ЈА ОСТАВИ СЕВЕРИНА: После многубројните шпекулации парот реши да стави крај на бракот!

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Пејачката Северина Којиќ и сопругот Игор Којиќ решија да стават крај на четиригодишниот брак. Според српските медиуми, Игор Којиќ поднел барање за развод, а причината е што пејачката има бројни финансиски проблеми и повеќе не може да го финансира својот сопруг.

Имено, неколку дена по прогласувањето на вонредна состојба во Србија поради пандемијата на коронавирус, Северина дошла во Белград и скоро два месеци поминала со својот свекор Кеба во семејната куќа на Бежаниска Коса, каде започнале големи кавги меѓу неа и Игор.

Од самиот почеток на врската, Игор се навикна на Северина да заработува многу пари од настапите и да ги троши без око да му трепне, пишува курир.рс.

Пејачката Северина Којиќ и сопругот Игор Којиќ решија да стават крај на четиригодишниот брак. Според српските медиуми, Игор Којиќ поднел барање за развод, а причината е што пејачката има бројни финансиски проблеми и повеќе не може да го финансира Игор.

Игор нема професија, единствена цел му е да ужива, да патува и да ги потроши парите на Северина. Кога започна пандемијата, Северина престана да настапува, како и сите пејачки и бидејќи има многу судски казни, плус трошоците за живот, популарно кажано мораше да ја исклучи чешмата.

Изворот објаснува и открива дека проблемите станувале поголеми додека растеле долговите на Северина.

-Северина не знаеше дека и должи на Хрватска стотици илјади евра за делата што ги сторила во врска со своето дете Александар, затоа што честопати менувала адвокати.

Северина моментално се наоѓа во Загреб, а Игор поднесе барање за развод – заклучил изворот.

Како што се испоставува, родителите на Игор не го поддржувале во оваа намера. Му било кажано дека сега не може да ја остави сопругата во неволја, но не сакал никого да слуша и е убеден дека разводот е најдобрата опција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.