Анџелина во последното интервју што го даде неодамна за „Вог“,  изјави дека решила да преземе таков чекор – поради децата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јуни, 2020 14:29

ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОД РАЗВОДОТ ПРОЗБОРЕ АНЏЕЛИНА ЏОЛИ: Тој чекор го направив поради децата!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Познатата актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит ставија крај на својот брак пред  скоро четири години, а Анџелина која важи за една од најубавите актерки на сите времиња конечно се отвори пред јавноста и покрај сите шпекулации кои кружеа во медиумите ја откри вистинската причина за разводот.

По разводот, во медиумите се појавиле шпекулации дека причината била наводната врска на Бред со француската глумица Марион Котијар, со која тој глумел во филмот „Сојузници“, но таа остро ги негирала таквите наводи. Потоа во медиумоте излезе и веста дека Бред Пит сакал да даде уште една шанса на љубовта со својата поранешна сопруга Џенифер Анистон, и дека повторно ќе се венчаат но за сега нема ништо конкретно за нивната врска….

Анџелина во последното интервју што го даде неодамна за „Вог“,  изјави дека решила да преземе таков чекор – поради децата.

“Се разведов за доброто на моето семејство. Тоа беше вистинската одлука”, рече таа, додавајќи: , “Јас сè уште се фокусирам на нивното заздравување. Некои го искористија моето молчење. Децата гледаат лаги за себе во медиумите, но ги потсетувам дека тие ја знаат својата вистина и сопствениот ум. Всушност, тие се шест многу храбри и силни млади луѓе “.

 

Анџелина откри и како таа се однесува и како ги воспитува посвоените и биолошки деца.

„Она што е важно е да се зборува отворено за сето ова.‘ Посвојувањето “и сиропиталиштето се позитивни зборови во нашиот дом“, рече таа, додавајќи, „Не можам да разговарам со посвоените деца за бременост, но детално им кажувам како јас ги најдов и како изгледаше за прв пат да ги гледам во очи “.

Таа исто така, вели за посвоените деца дека тие никогаш не смеат да изгубат контакт со местото од каде потекнуваат.

“Тие имаат корени што вие ги немате. Дознавате од нив. Тоа е најневеројатното патување да го споделите. Тие не влегуваат во вашиот свет, вие влегувате во нивниот … Благословена сум што сум нивна мајка. Благодарна сум секој ден”, заклучи актерката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.