Цените на енергијата во јануари пораснаа за 19,9 отсто по зголемувањето од 18,5 посто во декември во текот на една година, додека цените на услугите пораснаа за два отсто, а на храната за 1,5 отсто, наведува Националниот институт за статистика.

Објавил: Перо Милчин | 20 февруари, 2022 11:36

ЦЕНОВЕН ШОК ВО ГРЦИЈА: Сместувањето во апартмани поскапо за 15, а во хотелите за 20 отсто

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нов ценовен шок во Грција. Сместувањето во апартмани во Грција е поскапо за 15%, а во хотелите за 20%.

Турција изминатото лето ги зголеми цените, па годинава тие нема да се променат значително, а што се однесува до Италија, уште една популарна дестинација, се очекува да се отвори за влез на 1 мај, а експертите се речиси сигурни дека ќе има поскапувања.

Мислам дека факторот што многумина го игнорираа е високата инфлација во еврозоната. Минатата година беше над пет проценти и кога имате таква инфлација може да очекувате да имате пораст на цените на услугите, особено во туризмот.

Туристичкиот бизнис претрпе големи загуби во текот на 2020 година., во помала мера во 2021 година, а ова е година кога сакаат да го поправат и да се вратат на нормалниот режим на работа“, вели економистот Горан Николиќ, за Мондо.рс

Додека пак во Франција цените на енергијата во јануари пораснаа за 19,9 отсто по зголемувањето од 18,5 посто во декември во текот на една година, додека цените на услугите пораснаа за два отсто, а на храната за 1,5 отсто, наведува Националниот институт за статистика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.