Заев пофален од Борисов во Солун пред Ципрас, договорите со Бугарија и Грција, со кои ќе се формира Северна Македонија не можеа да бидат подобри во корист на Софија и Атина

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 11:16

Што побрзо е Северна, толку подобро за Бугарија и Грција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, најави дека интерес од промената на името, а со тоа и формирањето на нова држава со нација без идентитет, технички е надоброто нешто што може да им се случи и на Софија и на Атина.

Борисов кој важи за одличен пријател со Ципрас, изјави дека иако на средбите на кои доаѓаат Србија, Грција, Романија и Бугарија не се кани премиерот за Македонија, тој е редовно информиран.

Имено Борисов во неговиот говор на третиот самит во Солун за перспективата и соработката на Западен Балкан истакна дека колку побргу ја видат Македонија во Европската Унија и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција.

Нема подобро место од Европската Унија. И во Грција кога се појави кризата кој всушност у помогна? Кој застана до неа? Европската Унија. Ако, не дај Боже се појави проблем, кој ќе ни помогне? НАТО, Европската Унија. Нашата поврзаност е и геостратешка во секоја област. И колку побргу ја видиме (Северна) Македонија во Европската Унија и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција. – рече Борисов.

Бугарскиот премиер во обраќањето, ги спомена и договорите на Македонија со Бугарија и Грција и истакна дека премиерите на трите земји биле храбри.

Сакам прво да ги поздравам Скопје и самиот себе за Договорот за добрососедство, затоа што тоа никако не е лесна работа. Точно дека вашето е малку потешко, но Заев и Алексис беа храбри премиери како и ние и даваме една исклучително важна перспектива за НАТО и Европската унија на нашите колеги во Македонија.

Бивша југословенска република, долго име, да се надеваме дека во брзо време и тоа ќе се реши. – рече премиерот на Бугарија Бојко Борисов во неговиот говор на третиот солунски самит.

Официјална Софија и на евентуално новата Северна Македонија и го спори идентитетот, историјата и особено Македонскиот јазик, додека официјална Атина го спори постоењето на Македонска држава и Македонскиот народ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.