„Важно е да се каже дека НАТО не е елитен голф клуб, не е хуманитарна организација, не е школо на миротворци.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јуни, 2018 2:11

Шчербак: НАТО е сојуз изграден на принцип на мафија

Фото/Текст извор: ©букефал.клуб

Експеримент, авантура, опасна игра, мафија со вакви квалификации и отворени карти настапи руската дипломатија кон македонските НАТО. Од Сараево суптилни закани, од скопскиот факултет за безбедност рускиот амбасадор Шчербак, без дипломатски ракавици порача дека НАТО функционира како мафија и дека Русија предлага Македонија да е воено неутрална за да ја избегне линијата на огнот, што според него е идеја на западот.

„Важно е да се каже дека НАТО не е елитен голф клуб, не е хуманитарна организација, не е школо на миротворци. Тоа е цврста воено-политичка структура изградена по принцип на мафија, каде шефот на мафијата одлучува за се, а сите други имаат улога на извршители“, вели Шчербак.

„Многу опасна игра е, и ние не би сакале тоа што НАТО го користи принципот на евро-атлантска солидарност и воопшто не сакаме во оваа авантура да биде вовлечен и братскиот народ на Македонија. Да го претворат во топовско месо на НАТО, а територијата на вашата прекрсана земја да ја претворат во уште една база. Поради тоа сосема е логична нашата негативна реакција за таа идеја“, рече Олег Шчербак.

Амбасадарот Шчербак смета дека сите придобивки од НАТО се пропагандистички мит.

Руската дипломатија, преку гостинката Валентина Матвијенко претседателката на горниот дом на рускиот парламент, и од Сараево упати критика со опасни тонови за македонското членство во НАТО

„Неодамнешниот илегален прием на Црна Гора во НАТО, практично се случи против вољјата на половина од населението. Ова е најжестокото прекршување на основните принципи на современата демократија и води кон понатамошна дестабилизација на регионот и го поткопува системот на европската безбедност. Сега се обидуваат со еднакво опасен експеримент во Македонија“, рече Матвијенко.

Русија, како и нивниот амбасадор во Скопје, искусниот дипломат Шчербак, бараат балканските држави да одржуваат референдум за членство во Алијансата иако тие одлуки и тој избор се суверено право на државите.

Миомир Серафиновиќ, Телма

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести