Уставните измени ги дебатираа партиските кадри на ДУИ и СДСМ, Поповски консензуален, недостигаше академската јавност која е реалноста на политичкиот живот во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 5:48

“Јавна расправа” – партиски кадри а каде се Силјановска, Ванковска и Апасиев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Синоќа се одржа првата јавна расправа за нацрт амандманите за уставни измени на кои “партиските” експерти го пофалија премиерот Заев колку добро одработил за Грција.

Трагедијата да биде поголема, двајца уставописци, сега ја промовираат Северна, коментирајќи грешки во својот текст.

Официјално владата без одговор:

По кој критериум се избрани говорниците кои во овие 4 работни дена ќе учествуваат на јавната дискусија во врска со уставните измени?

Зошто меѓу нив не се професори кои ги критикуваат одредбите во преспанскиот и дадоа низа сугестии изминатиот период?

На овие прашања владиниот портпарол Миле Бошњаковски не одговори прецизно.

Не би се сложил дека меѓу говорниците се само експерти кои го поддржуваат договорот, тука има имиња на луѓе блиски па дури и функционери на опозицијата, повикот е отворен може да земе учество кој сака. – рече Бошњаковски.

Зошто не се директно поканети професорите по уставно право Гордана Силјановска, Димитар Апасиев, Билјана Ванковска?

Поканети се широк спектар на имиња а секој сака, еве отворено сега упатувам покана да земат учество. – одговори Бошњаковски.

Ваквите чекори се косат со изјавите и пораките за транспарентноста на власта, што премиерот често ги повторува, како на пример:

Транспарентноста е важна работа, џабе работиме ако граѓаните за тоа не знаат. – рече Заев на 25 ноември минатата година.

Иако премалку за вакво клучно прашање како ова, јавната дискусија требаше да трае 5 работни дена, сепак се сведе на 4. Причините вели Бошњаковски, биле технички. Првата дебата требала да биде завчера, но бидејќи објавата на собраниските заклучоци стигнала доцна па требала да се испрати во Службен весник, денови за дискусија остануваат само 4.

Од имињата кои владата директно ги поканила се професорите Фрчкоски, Камбовски, Беса Арифи, а говорници се и премиерот Заев, вицепремиерот Османи, министрите Димитров и Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.