-Треба да го промените името од СДСМ во СДСБ, СДС бугарска – рече Јанушев!

Објавил: Мате Парлоф | 16 јули, 2022 14:00

Јанушев до СДСМ: Вие сте изроди, ќе си лежите за велепредавство!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната седница во Собранието ги нарече пратениците на СДСМ изроди.

-Треба да го промените името од СДСМ во СДСБ, СДС бугарска – рече Јанушев.

Тој му рече на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе одговара за велепредавство поради францускиот предлог.

Ќе ви го кажам тоа што ви го рече Ковачки, ќе ги лежите, прашајте го Тупанче – рече Јанушев.

„Не планирав да се обратам и воопшто да се обратам на оваа седница бидејќи со овакви однародени изроди не планирам да се занимавам и да зборувам. Но не можев да издржам и затоа решив да се јавам на реплика за да кажам неколку работи. Да јас разбирам дека за вас е прифатливо тоа што сакате денес да го гласате бидејќи за вас не е проблем да биде јазикот на граѓаните на Република Северна Македонија бидејќи тоа сте вие. Однародени мрсници. Да, да те гледам во очи и ти кажувам дека сте однароден мрсник бугарски. Од сега сте СДСБ, СДС-Бугарска, ништо повеќе и ништо помалку” истакна Јанушев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев нагласи дека ќе си лежат сите до еден за предавство, ќе си лежат и ќе си одговараат сите до еден затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи.

И ова што го правите сега е исто како она што го правевте минатите денови за луѓето што гаѓаа со јајца од протестите определувавте притвор, а за оние со пиштолите кај Скендербег излезе дека биле со цвеќе. Срамота патетични сте, изгубени сте и само да ве потсетам една работа која што колегата Ковачки ви ја кажа пред два дена, ќе си лежите сите до еден за предавство, ќе си лежите и ќе си одговарате сите до еден. Да читајте книга претседателе на влада, климајте со глава и смејте се, тука ви е Тупанче прашајте го, ова согласно кривичен закон што го правите е велепредавство, за ова се одговара, и ќе одговарате сите до еден. Македонскиот народ е трпелив македонскиот народ тоа го покажа низ историјата, но македонскиот народ е и кроток, македонскиот народ знае да прости но за некои работи нема простување. Затоа што не сме ни глупи не сме ни слепи, луѓето кои што излегуваат позади, и кој што ви кажуваат да кажете не, еден ден а тоа ќе биде многу брзо ќе дојдат по своето. Затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи ” истакна Јанушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.