Јанушев рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави на лошите политики кои ги спроведува СДСМ и Заев, бидејќи според него кадрите кои што се понудени се стари и истрошени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 август, 2020 21:14

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател во Собранието- тоа е само дополнителен трошок

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во централниот дневник на Сител телевизија, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев истакна дека неговата партија нема да предложи потпретседател на Собранието. Тој потенцираше дека ваквата одлука ја донеле поради тоа што според нив тоа е непотребен трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните.

„Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави“, истакна Јанушев. Впрочем  ако видиме во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем од тие дури и да ги имаме 5 потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче“.

Јанушев рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави на лошите политики кои ги спроведува СДСМ и Заев, бидејќи според него кадрите кои што се понудени се стари и истрошени.

 „Ќе се спротивставиме на се ова што се обидува СДСМ  да го направи повторно во државата. Го слушнавме Заев како кажува дека ова се убедливо најдобрите кадри со кои што располагаат, претпоставувам мислеше на тоа најдобрите кадри со кои што раководството на СДСМ сега располага, бидејќи речиси сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата, и сега сакаат со буквално истите кадри да продолжат понатаму“, додаде Јанушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести