Тој пред три дена беше на телевизиска дебата заедно со неговиот колега од владината СДСМ, Мухамед Зекири.

Објавил: Перо Милчин | 31 мај, 2020 17:03

Јанушев ги добил резултатите од тестот за коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев е негативен на коронавирусот, дознава Прес24.

Тој пред три дена беше на телевизиска дебата заедно со неговиот колега од владината СДСМ, Мухамед Зекири.

Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето, напиша на социјалните мрежи Јанушев.

На Мухамед Зекири со кого бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување.
Што се однесува до интересот за моето здравје, засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.
Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно, вели Јанушев.

Пратеникот Мухамед Зеќири, неговата сопруга и нивната тримесечна ќерка се позитивни на коронавирусот, објави денска Зеќири на својот профил на Фејсбук.
Тој вели дека и покрај тоа што строго ги почитувал мерките и имал минимални контакти со луѓе, по тестирањето биле позитивни тој, сопругата и ќерката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести