Цените на гасот би можеле да надминат 4.000 долари за 1.000 кубни метри доколку се забрани рускиот увоз, оценува поранешен министер за енергетика.

Објавил: Едмонд Бекири | 25 март, 2022 6:20

Јанша: Европа нема да и плаќа гас на Русија во рубљи, никој не знае како изгледаат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека Европа нема да и плаќа на Русија во рубљи, откако Москва побара „непријателските земји“ да ги плаќаат сметките за нафта и гас во руска валута.

„Мислам дека никој во Европа не знае како изгледаат рубљите, никој нема да плати во рубљи“, изјави Јанша на новинарите по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, пренесува Ројтерс.

Цените на гасот би можеле да надминат 4.000 долари за 1.000 кубни метри доколку се забрани рускиот увоз, оценува поранешен министер за енергетика.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги повика земјите од ЕУ да не прифатат да плаќаат за руските енергенси во рубљи.
Доколку која било земја од ЕУ ги послуша понижувачките барања на Путин да плати нафта и гас во рубли, тоа ќе биде како да и помагаме на Украина со едната рака, а на Русите да убиваат Украинци со другата – порача Кулеба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.