Мицкоски додаде дека можеби тој документ ќе биде познат на граѓаните на Македонија во многу скоро време.

Објавил: Перо Милчин | 17 април, 2021 11:12

Разговарав со Јанша тој негира дека е креатор на документ за промена на границите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисјата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. При своето гостувње посочи дека разговарал со господинот Јанша кој негира дека е креатор на документ за промена на границите. Но во текот на разговорот господинот Јанша рекол дека за некаков сличен документ разговара Заев.

„Јас денеска разговарав со премиерот на Словенија, господинот Јанша бидејќи сме ете и пријатели, тој пак друго ми кажа.

Тој пак ми кажа дека Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев креирале сличен таков нон пејпер кој што се шири по Европа“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека можеби тој документ ќе биде познат на граѓаните на Македонија во многу скоро време.

„А, господинот Јанша ја пренесува својата неизмерна поддршка кон македонскиот народ, граѓаните на Македонија, кон Македонија и единствено иднината на Македонија ја гледа во рамките на обединета Европа“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека господинот Јанша иднината на Македонија ја гледа кон обединета Европа и да не се заборави дека токму тој за два месеци од денеска ќе претседава со ЕУ и ќе биде многу битен фактор.

„Господинот Јанша апсолутно го одбива документот. Тој вели дека не постои таков документ. Вели дека ниту сум кажал, ниту пак ме интересира, пренеси им те молам, моите поздрави, мојата поддршка неизмерна кон македонскиот народ, Македонија и јас иднината на Македонија не ја гледма во вакви квази сценарија создадени во комуњарски поранешни тинк тенкови, туку ја гледам исклучиво во обединета Европа“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека иднината на Македонија не е во прекројување на градиници туку само во обединета Европа. Исто така Мицкоски посочи дека нема да поддржи национални отстапки со Бугарија на штета на македонските идентитетски обележја, оние што ветуваа европска иднина, а државата правеше отстапки да си го остварат ветувањето, лесно е од трибина да даваат коментари.

„Ако сакаш да бидеш играч не треба само од публика да кажуваш како треба. Ќе си преземеш дел од својата одговорност. Овој народ и оваа држава направија премногу национални отстапки, дадоа многу национални концесии. Во 90-тите ни залепија име од кое се срамевме, ни менуваа знаме, добивавме пресуди во Хаг ни викаа важи силата на посилниот, неколку пати менувавме Устав за да на крај не понижат со промена на уставното име. Доста е“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ниту тој ниту македонскиот народ, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат намера да поддржат било каква национална отстапка.

„Ниту едно решение со нашиот источен сосед кое треба да се бара надвор од пристапниот процес на Македонија во ЕУ, нема да поддржиме ако вклучува национална отстапка, тоа да им биде на сите јасно додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...