Инаку Тевдовски е татко на три ќерки Каја, Ема и Сара, а со сопругата Анита отсекогаш сакале три деца.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јуни, 2019 16:39

Ќеркичките на Тевдовски пресреќни- им се исполни најглемата желба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Фејсбук

Драган Тевдовски, сега веќе поранешен министер за финансии пред само неколку емсеци во искрено  интервју за „Мајка и дете“, откри која е всушност најголемата желба на неговите деца.

Драган Тевдовски со неговите четири женски
ФОТО: ЖЕНСКИ МАГАЗИН.МК

Тој изјави дека со оглед на тоа колку е зафатен неговите ќеркички постојано му велеле:

Ти да се вратиш на факултет, а некој друг да биде министер!

Инаку пред само неколку дена Тевдовски на својот Фејсбук профил истакна дека , по разрешувањето од функцијата министер за финансии, повторно им се враќа на обврските на Економскиот факултет во Скопје, па практично се оствари и желбата на неговите ќеркички.

Инаку Тевдовски е татко на три ќерки Каја, Ема и Сара, а со сопругата Анита отсекогаш сакале три деца.

Тевдовски во интервју за Женски Магазин истакна дека тој ги носи во школо и градинка, а кога ќе се врати од работа, целото време го посветува на семејството.

Инаку Тевдовски е роден на21 јануари 1979 во Скопје — македонски економист, универзитетски професор и министер за финансии во македонската влада од 2017. Средно училиште завршил во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а своевремено настапувал за младинската школа на ФК Вардар и за кадетската репрезентација на Македонија. Магистрирал статистичка анализа на економскиот факултет при универзитетот во Белград во 2006 година со просек 10, а во 2010 станал доктор по економски науки на економскиот факултет во Скопје. На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се вработил во 2002 година како асистент, а од 2015 работи како вонреден професор на катедрата за математика и статистика. Тевдовски е автор на два универзитетски учебници и на околу 45 научни трудови објавени во престижни научни списанија

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.