четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Како што вели Георгиев, Заев дотогаш може само да го назира процесот на работата во Министерството, а работата таму ќе ја координира актуелниот заменик-министер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2019 16:29

Антикорупциска пресече: Заев што поскоро да определи министер за финансии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владимир Георгиев , членот на Државната комисија за спречување на корупцијата на денешниот брифинг упати порака до премиерот Заев, да во најкус можен период определи министер за финансии.

Заев пред неколку дена се самопредложи за министер за финансии 

Како што вели Георгиев, Заев дотогаш може само да го назира процесот на работата во Министерството, а работата таму ќе ја координира актуелниот заменик-министер.

Но откако Антикорупциска пресече, дека Заев не може да биде на две функции односно да биде премиер и министер за финансии истовремено, бидејќи тие две функции се неспоиви, сега Заев реши да го повлече предлогот да биде министер за финансии.

Како што објави претходно Фокус, Антикорупциската комисија се изјасни дека има судир на интереси и Заев не може да ги врши двете функции истовремено.

Инаку премиерот претходно изјави дека не го менува Тевдовски поради тоа што не е задоволен од неговата работа туку сака лично тој да одржи лекција за екомија.

-Клучно е моето влегување, а не работењето на Тевдовски, не е дека сум нeзaдoвoлeн. Јас влегувам во последната фаза само во конечната реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки. Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година. Октомври е почеток на преговори конечно по 15 години, доаѓаат убави времиња за Македонија, треба максимално се да искористиме и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, порача Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.