Делењето селективна правда започна, нацрт законот иако пратениците излажаа, веќе е готов, ќе одговараат служени лица и лица за кои има докази за извршен физички напад

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 10:31

Ќе нема амнестија за командна одговорност и за оние кои ја злоупотребиле службената должност

Фото/Текст извор: ©tv21.tv

ТВ 21 ексклузивно открива детали од нацрт законот за амнестија за настаните во Собранието минатата година, со кои нема да бидат опфатени само органите за безбедност.

Имено како што е и најавено во текот на денешниот ден се очекува втора средба на Координативното собраниско тело за помирување, на која најверојатно ќе присиствува и премиерот Зоран Заев.

Веќе се формирани три работни тела кои меѓудругото имаат задача да го подготват нацрт предлог законот за амнестија на учесниците во настаните од Собранието минатата година.

Според информации на ТВ 21 , подготовката на овој документ е пред самиот крај, односно во моментов правниот тим работи на усогласување на неговата содржина, пред да бидат изршени пошироки консултации со стручната јавност.

Во првиот член од овој предлог закон, заради општа прифатеност, ќе стои дека се работи за предлог закон кој ќе ги опфати учесниците во настаните на 27 април 2017 година.

Ако се толкува само овој член, се заклучува дека амнестија ќе има за сите учесници, без исклучок.

Сепак, во вториот член во документот кој е во завршна фаза, според нашите информации ќе стои дека членот 1 нема да важи за лицата кои имале командна одговорност, за оние кои ја злоупотребиле службената положба, но и за оние за кои постојат цврсти докази дека свесно и со намера нападнале пратеници со цел нанесување физички повреди, и намера да одземат човечки живот. В

оедно, во друг член од предлог законот ќе им се овозможи на сите оние кои ќе бидат опфатени со амнестијата, да се откажат од оваа можност и доколку сметаат дека се невини, тоа да го докажат пред судовите во Република Македонија.

Пред само неколку дена предлог законот на ВМРО – ДПМНЕ кој предвидуваше целосна амнестија за сите учесници во настаните од 27 април не помина во Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести