Според Уредбата со законска сила што ја донесе Владата,  на 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, објави Прес 24.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јуни, 2020 10:41

Ќе се гласа три дена, а на изборниот ден од 7 до 21 часот

Фото/Текст извор: ©прес 24

Вчера лидерите на власта и опозицијата постигнаа договор за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули а истите ќе се одвиваат три дена. Наместо како до сега, гласачките места да се затворат во 19 часот, годинава гласањето ќе трае до 21 часот.

Опозицијата и власта постигнаа договор за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Според Уредбата со законска сила што ја донесе Владата,  на 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, објави Прес 24.

Во општините во кои гласаат овие лица, во зависност од нивниот број, Државната изборна комисија формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници, при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот избирачки одбор.

На 14 јули 2020 година ќе гласаат немоќните и болните лица, како и хронично болните и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите. Дејствијата на изборните органи кои согласно Изборниот законик се преземаат еден ден пред одржувањето на изборите, ќе се спроведуваат во рокови утврдени со роковникот на Државната изборна комисија.

На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообиаеното на претходните избори кога гласачките еста се затвораа во 19 часот.

Изборната кампања започнува на 24 јуни година и трае 20 дена. Според најавите од надлежните, денот на одржувањето на изборите, 15 јули, ќе биде неработен ден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.