Бугарските европратеници децидни дека јазикот кој се говори во Македонија е западно бугарски дијалект и дека Заев излажал дека тој ќе се признае од ЕУ

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 11:19

Џамбаски: “Tврдењето на Заев за македонски јазик е лудо”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

“Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик во Европската унија која има 500 милиони граѓани” напиша вчера Зоран Заев во својот Фејсбук профил пред информативната кампања за претстојниот референдум за договорот со Грција и поканата за членство во НАТО и ЕУ.

Овие тврдења на македонскиот премиер Заев од ВМРО – БНД кои се коалиционен партнер во Владата на Борисов се коментираат како безумни.

“Во историските и лингвистички кругови не постои никаков спор. Македонското наречје е западно бугарски дијалект. Друго е прашањето како една држава си  го вика по својата Устав јазикот. Но во меѓународното право јазик не се доставува и не се признава.” – коментира европратеникот и заменик претседател на ВМРО – БНД Ангел Џамбаски.

Според него за Бугарија прашањето дали ќе го признае македонскиот јазик не е на дневен ред бидејќи вистината била повеќе од јасна.

“Сите бугарски државјани кои некогаш се соочија со нашите браќа во Република Македонија знаат дека немаме никаков проблем да разговараме на ист јазик имено бугарскиот.” – рече европратеникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.