Талат Џафери, нелегитимен во својот избор на функцијата претседател на законодавниот дом, со изјави дека референдумот ќе успее но и дека се надева на поддршка од ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 17:13

Џафери: ВМРО – ДПМНЕ да се премисли и да се вклучи во кампањата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Верувам во граѓаните, како што тие веруваа во мене, во институциите, во партиите што ги поддржуваа досега и затоа сум убеден дека на крајот граѓаните ќе рефлектираат со излезноста неопходна да се реши прашањето за името и конечно да станеме членка на ЕУ и НАТО, изјави Талат Џафери.

Џафери вели дека граѓаните се свесни да ја разберат тежината и потребата лично да го искажат својот став на референдумот и да преземат дел од личната одговорност за нивната индивидуална иднина и за нивните семејства во целина.

„Мислам дека многу нешта кои се случуваа и во регионот и пошироко се показатели дека нашето подрачје е ранливо и мислам дека сме свесни сите, а јас убеден и верувам во свесноста на нашите граѓани без оглед колку што може да мисли некој дека граѓаните се само слепи послушници на политичките партии, но имајќи го предвид сето искуство со сите случувања, нашите граѓани се доволно свесни за да ја разберат тежината и потребата лично да искажат став и да земаат и да преземаат дел од личната одговорност.

Одговорност од иднината нивна и индивидуална и за нивните семејства во целина, и за општеството и за државата воопшто, и јас верувам во граѓаните, како што тие цело време верувале во мене, во институциите, во партиите коишто ги поддржуваа досега и затоа сум убеден дека на крајот граѓаните ќе рефлектираат со излезноста неопходна да се реши ова прашање и конечно да станеме членка на ЕУ и НАТО“, вели Џафери.

Во врска со јавната пропаганда за референдумот што ја започна Собранието, Џафери вели дека заклучно со вчера Парламентот склучил 51 договор со ТВ и радија за медиумско претставување на пратениците кои го поддржуваат референдумското прашање, а во текот на денот се очекува тоа да биде направено и со останатите. Договори се склучуваат со медиумите кои во предвидениот рок доставиле ценовници за медиумско претставување за референдумот до ДИК, онака како што е предвидено, за девет минути на час.

„Тоа е комбинирана работа, и учество на пратениците на одредени собири со граѓаните, впрочем и мое присуство на такви собири, преку материјали кои ќе се доставуваат до Собранието од Коалицијата „За“. Пратениците ја направија коалицијата „За“ и тие материјали не смеат да имаат партиски предзнак   Сумата што ја определивме за оваа не значи дека ќе се потроши цела. На дневна основа водиме сметка за тоа, во смисла дека не смеат да се пречекорат сумите од она одобрено наменски за оваа работа, затоа што не може да се надополни од други сметки.

Во очекување на ставот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ за референдумот и евентуалното вклучување на нивните пратеници во кампањата, претседателот на Собранието посочува дека „ако има, кога и да има одлука да се приклучат средствата се на располагање“, но потенцираше дека активностите треба да бидат без партиска иконографија и оти тие ќе може да се вклучат во оној медиумски дел од девет минути во еден час.

„Секако дека постои таква можност затоа што законот зборува за пропаганда која е предвидено кога завршува, а не одредува кога треба да почне и да се вклучи во кампањата. Во тој контекст, моето толкување е можноста опозицијата во секој момент ако се реши да се приклучи кон кампањата па и со определбата „за“ и „против“ сметам дека е легитимно право да се премислат и впрочем, мојот јавен повик беше да се премислат и да се вклучат во кампањата, затоа што тоа се интереси на граѓаните и на државата како меѓународен субјект“, изјави Талат Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.