Џафери посочи дека поради целата ситуација од епидемијата со коронавирусот во земјава беа одложени предвремените избори закажани за 12-ти април, но сега има шанса за одржување на изборите. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јуни, 2020 10:21

Џафери го потпиша дополнувањето на решението за распишување на изборите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако лидерите на власта и опозицијата постигнаа договор за избори и истите ќе се одржат на 15 јули, синоќа и претседателот на Собранието Талат Џафери го потпишал решението за распишување на изборите.

Упад во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднале во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија. И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница освен Русија.

-Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 15-ти јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната Изборна Комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот, се вели во изјавата на Џафери.

Џафери посочи дека поради целата ситуација од епидемијата со коронавирусот во земјава беа одложени предвремените избори закажани за 12-ти април, но сега има шанса за одржување на изборите. 

-Имено, како што ви е веќе познато, политичките лидери во Република Македонија постигнаа договор за закажување на нов датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата е 15-ти јули 2020. Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните, се вели во соопштението на Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.