„Врз основа на моите надлежности, кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам. Јас засега немам никакви планови“, посочи Џафери.

Објавил: Владо Марин | 14 август, 2020 12:08

Џафери: Засега немам план, кога ќе одлучам тогаш ќе свикам седница

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседавачот со конститутивната седница во Собранието Талат Џафери за ТВ21 истакна дека засега нема план за тоа кога ќе свика продолжување на седницата.

„Врз основа на моите надлежности, кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам. Јас засега немам никакви планови“, посочи Џафери.

Претседавачот на конститутивната седница Талат Џафери вчера го откажа продолжението на седницата, на која требаше да се избере претседател на Собранието, поради тоа што добил внук.

Тој завчера на Фејсбук објави дека добил внук од ќерка.

„Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!
Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти“, напиша Џафери.

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести