Изборот на Џафери никаде правно не е заведен, Мухиќ не е најстариот пратеник, Мисовски не е заменик на претседавачот и се тоа го озакони Лука Кржалоски со противуставна објава

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 14:48

Џафери не е претседател на Собранието, еве ги и фактите зошто

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По прегласувањето во едно избирачко место, Државната изборна комисија ги носи конечните, финални изборни резултати од изборите за пратеници 2016 година, со што се врши и конечната распределба на пратеничките мандати.

Но со тоа започнува фалсификатот за избор на нелегитимен претседател на Законодавниот дом.

Во законодавниот дом, со свои претставници влегуваат шест политички партии и коалиции кои во 120 членото Собрание на Република Македонија се распоредуваат со следниот успех. ВМРО – ДПМНЕ со 51 пратеник, СДСМ со 49, трета е ДУИ со 10 пратенички мандати, следи БЕСА со 5, па коалицијата Алијанса за Албанците со 3 и ДПА со 2 пратеници

Конститутивна седница на Собранието на Република Македонија или почеток на големиот фалсификат на СДСМ и ДУИ наскоро ќе вроди со немири.

Согласно Уставот на Македонија и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, сосема е јасно кој ја води конститутивната седница до избор на нов претседател на законодавниот дом. Иако СДСМ и ДУИ ги познаваат правните акти, се решаваат на рушење на уставниот поредок.

Начинот како се свикува конститутивна седница на нов парламентарен состав, е уреден преку две правни можности.

Според членот 63 од Уставот на Република Македонија, конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, а доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден, од денот на завршувањето на изборите.

Или.

Според членот 9 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, кој околу свикувањето на конститутивната седница, вели дека, доколку првата седница на Собранието не ја свика претседателот на заминување, седницата се одржува на дваесет и првиот ден од завршувањето на изборите, во 10 часот, а ја свикува најстариот по години избран пратеник од новиот состав.

И тука СДСМ започнува со пласирање со лажни информации, но и вршење притисок врз институциите на системот, како и малтретирање на македонската јавност, со пораки дека на мирен или насилен начин, тие ќе го конституираат законодавниот дом, додека останатите веќе парламентарни политички партии ги чекаа законските рокови.

Рокот за свикување на конститутивнат седница е 20 дена по објавувањето на конечните, финални резултати од изборите кои се одржаа на 11 декември, што значи истата, како имаше и прегласување, па следеше процес на добивање сертификати и потврдување на изборот од Државната изборна комисија, мораше да се одржи на претпоследниот ден од рокот т.е. на 30 декември.

Мухиќ имаше 73 години, а пратеникот од ДУИ, Бранко Маноиловски има 75 години.

Но ни тој факт не беше доволен доказ, па СДСМ продолжи со пласирање на невистини, како поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски нема право да раководи со конститутивната седница, повикувајќи се на парцијално толкување на членовите, и од Уставот и од Деловникот.

До денес сеуште не е јасна улогата на пратеникот Ферид Мухиќ, кој ни по години не е најстариот пратеник во актуелниот законодавен дом но зошто се дрзнал да повика на седница која веќе имала свој легитимен претседавач.

На 30 декември 2016 година, во 13 часот се одржа конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, која ја свика поранешниот претседател на законодавниот дом, сега во улога на претседавач со истата. 

На дневен ред на првата собраниска седница се, избор на претседател и членови на Верификациската комисија, верификација на мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и избор на претседател на Собранието на Република Македонија.

Конститутивната седница, продолжува на 27 март 2017 година, и се отвора дебата по третата точка од дневниот ред т.е. избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

И тогаш СДСМ пласира дезинформации дека ВМРО – ДПМНЕ преку нелегитимниот претседавач Вељаноски, сака да го избегне изборот на иден претседател на законодавниот дом.

Од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, по оваа точка, според Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, се јавуваат за дебата сите 51 пратеника, што наидува на остра, но неидржана реакција кај пратеничката група на СДСМ, која бара веднаш Вељаноски да го напушти столчето како претседавач, обвинувајќи со лажни информации, дека преку кршење на Деловникот се оневозможува избор на претседател на Собранието.

Правно предлозите за претседател на Собранието на Република Македонија, мора прво да добијат одобрување од комисијата чие формирање, не така наивно, туку издржано е поставено како точка пред изборот за претседател на законодавниот дом.

Но СДСМ продолжува со својата реторика, предизвикувајќи нервоза, во и вон законодавниот дом.

Конститутивната седница имаше 19 продолженија, во периодот од 27 март до 26 април 2017 година, период за кој во законодавниот дом, само се договори составот по учество со членови во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, но не се исцрпи расправата на пријавени пратеници за дискусија.

Заев за миг заборава дека и ДУИ беше дел од т.н. режимска власт, но и инсистира на нелегитимен избор на иден претседател на Собранието, како ДУИ формирањето на идна влада го условуваат со изборот на Албанец за претседател на Законодавниот дом.

СДСМ, на почетокот на април, почна да пласира информации од сомнителен вид преку своите партиски медиуми, и зависниот самонаречен граѓански сектор, дека тие, ако сакаат, кога сакаат, можат да одржат продолжение на конститутивната седница и без пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, надвор од Деловникот, на која веднаш би избрале претседател на Собранието.

И до 26 април 2017 година СДСМ пласира дезинформации, и предизвикува граѓански немири и нервози без правен основ, се до кобниот 27 април 2017 година, од кога започна кршењето на Деловникот за работа на законодавниот дом, но и секојдневното кршење на Уставот на Република Македонија.

На 27 април 2017 година, Вељаноски го отвори 20 продолжение на конститутивната седница, на кое сеуште се дискутираше по третата точка на дневен ред.

Како се наближуваше крајот на работното време т.е. наближуваше 18 часот, повеќе беше од јасно дека со кршење на Деловникот за работа и Уставот, пратеничката група на СДСМ, но и ДУИ и Алијанса за Албанците, имаат намери насилно да изберат претседател на законодавниот дом, надвор од сите правни процедури.

Како пред законодавниот дом веќе над 80 дена граѓаните протестираа за унитарна Македонија, и против тиранската платформа, со апели за разум кај колегите од СДСМ, пред самиот крај на седницата се обратија пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, Зоран Илиоски и Влатко Ѓорчев кои повикаа на смиреност, потенцирајќи дека освен што нема правна основ за она што СДСМ го планира, надвор има толпа народ, и таквиот чин на насилство врз институцијата, би предизвикало гнев кај истиот.

СДСМ не одговори, па за збор, последен, по основ на процедурална забелешка се јави пратеникот Зекирија Ибрахими, кој од собраниската говорница ја отпеа дел од химната на Албанија, на која станаа сите пратеници од албанските партии, но и пратеници од пратеничката група на СДСМ.

Стенограмска забелешка од последните реченици на пратеникот Зекирија Ибрахими ” … јас ја почитувам химната, затоа што е химна на државата, меѓутоа како што реков и денес во претпладневната сесија Албанците имаат и своја химна и затоа откако дозволивте дозволивте да се пее дел од химната на македонски, јас ќе пеам дел од химната на албански … “

“Поетот” Ибаими кој ја цитираше / пееше химната на Албанија во законодавниот дом е последниот забележан стенограмски сегмент по што нема никаков избор на никаков претседател на законодавниот дом.

Официјално, 21 продолжение на конститутивната седница продолжи на 31 мај 2017 година, во 10 часот и 8 минути, и во стенограмот од истата, манично се појавува реченицата на вовед и првото обраќање на Џафери:

Седницата ја отвори и на неа претседаваше господин Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија. / Талат Џафери:  Дами и господа пратеници, продолжуваме со работа по Конститутивна седница на Собранието на Република Македонија.

Но, до ова има и други дилеми.

Откако заврши 20 продолжение на конститутивната седница на законодавниот дом, пратеникот Ферид Мухиќ, од пратеничките клупи, повика на итен избор на нов претседател на законодавниот дом.

Мухиќ, се повика на членот 9 став 1 на Деловникот за работа на Собранието, во кој стои и дека, ” … ако и најстариот по години избран пратеник одбие да ја свика, тоа право преминува на наредниот по години избран пратеник, се до избраниот пратеник што ќе се согласи да ја свика првата седница”.

И тука се прекршени и Уставот, а особено Деловникот за работа на Собранието.

Прво со чин близок на државен удар, со негирање на Уставното и Деловничкото работење на актуелниот претседавач Вељаноски, потоа, со парцијалното читање на ставови, но не и цели членови од истите, со што СДСМ ги толкува правните акти, до точка која им одговара.

Горан Мисовски, во улога на некаков заменик претседавач, како точка на дневен ред, на седница која сеуште никаде не е евидентирана, го става предлогот пратеникот Талат Џафери, да биде иден претседател на законодавниот збор, и го става на гласање.

Пратеникот Горан Мисовски согласно Деловникот не можеше да биде никаков заменик на Мухиќ, најмалку заменик претседавач како и што се потпишал на прилогот до Службен весник на Македонија, како законодавниот дом веќе имаше изгласано двајца заменици на претседавачот Вељаноски.

Факт е дека законодавниот дом, прв претходно го напушти Али Ахмети, а веднаш по нив и најстариот пратеник Бранко Маноиловски. Само со тој податок, како службите веќе ја завршија својата работка, откако легитимниот претседавач Вељаноски ја затвори седницата за тековниот ден, се констатира дека парламентарното мнозинство, и да било во полн состав во собраниската сала не броело повеќе од 59 пратеници.

На пресот, Заев одговара на новинарско прашање, каде беше Ахмети за време на настаните, на што одговара дека по добиените информации дека е можно да ескалира ситуацијата во законодавниот дом, по нивните намери да го именуваат Џафери за претседател на законодавниот дом, на Ахмети му е сугерирано дека најбезбедно е додека е чинот на гласање, да не е во Собранието.

На 28 април, се јавува и министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, кој за задоцнетата реакција на полицијата, како и за намаленото полициско обезбедување на објектот од Собранието, како што изјавува, е виновен оперативниот штаб, со кој раководел директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и најавува оставка.

На 3 мај 2017 година, Собранието ги отвора вратите за дочек на новиот т.н. претседател, за што се повикуваат и одбрани медиуми. Џафери има од тој ден три снимки.

Првата како го пречекуваат пред законодавниот дом, и како прави краток увид во ситуацијата во објектот, по што влегува во претседателскиот кабинет. Втората снимка е од неговата прва т.н. јавна средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар. Третата снимка е повторување на првата, но со изменета и надополнета сценографија во кабинетот.

Претходно на 2 мај, Неџбедин Ибраими, во својство на заменик генерален секретар на Собранието испраќа допис до Службен весник на Република Македонија. Тоа е првата службена белешка на која стои печатот и службена заверка со реден број 08-1129/1 од 2 мај 2017 година, со која до Службен весник на Република Македонија се испраќа “Акт за објавување”, кој во својата содржина во целост го содржи следниот текст.

Врз основа на член 174 став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија ( Службен весник на Република Македонија бр.91/08) во прилог ви се доставува актот што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 27 април 2017 година: 1. Одлука за избор на претседател на Собранието на Република Македонија. 

Според изјавата на Неџбедин, до Службен Весник тој ја испратил само Одлуката за избор на Талат Џафери, потпишана од страна на заменик претседавачот на конститутивната седница на законодавниот дом, пратеникот Горан Мисовски.

Талат Џафери, без разлика колку раце кренаа пратениците на СДСМ и ДУИ, на 27 април 2017 година не беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија, и од тогаш наваму, сите одлуки, закони, вклучително и изборот на владата на Заев се нелегитимни.

Понатаму спорни се и немањето на записник од одржаната седница, која и по стенограмските белешки, е завршена уредно во 18 часот и 1 минута, со закажување на нејзино продолжување следниот ден со почеток од 11 часот.

На која седница Џафери е именуван за претседател на законодавниот дом, но и на која седница е именувам Мисовски за заменик претседавач на конститутивната седница на новиот состав е петнаесеттото прашање?

Во меѓувреме, Талат Џафери тврди дека Одлука за негово назначување ќе има. Што е споротивно од правните норми, затоа што записник од Одлука за именување може да има само ако Собранието т.е. била усвоена на собраниска седница, по што уредно се заверила во собраниската архива, со што на првата следна седница, прво нешто што треба да направи Талат Џафери како избран претседател на Собранието, е да достави записник од одржана седница со Одлука за негов избор, со образложение на која тоа собраниска седница е извршен изборот, но и да побара Собранието да го усвои тој записник.

А доколку станува збор за нова, или друга седница, по онаа од 27 април, тогаш таа мора да биде уредно закажана, најавена и архивирана, што не беше направено во конкретниот случај.

Воедно на Одлуката потпишава од Мисовски, се повикува на член 67 став 1 од Уставот на Република Македонија и член 21 став 1 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија ,за седница на Собранието одржана на 27 април 2017 година.

Неџбедин се повикува на член 174 став 1, од Деловникот како основ да го извести Службен весник на Република Македонија за именување претседател на Собранието.

Членот 174 во став 1 вели “Законите, другите и општи акти пред да влезат во сила се објавуваат во Службен весник на Република Македонија.”

Но што содржат и другите наведени членови во себе.

Членот 21 во став 1 од Деловникот, кој го цитира Мисовски, вели “Собранието од редот на пратениците избира претседател и потпретседатели на Собранието” но го цитира и член 67 став 1 од Уставот кој вели “Собранието од редот на пратениците избира претседател и еден или повеќе потпретседатели, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието го претставува Собранието, се грижи за примена на Деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со Уставот и со Деловникот на Собранието. Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Собранието распишува избори за пратеници и избор на претседател на Републиката.

И Џафери го погази, и фалсификатот на својот избор, па и покрај необјавената одлука во Службен весник на Република Македонија, по што станува правосилна, тој сепак си игра претседател на Собранието, па прима гости и праќа пораки, во името на граѓаните на Република Македонија.

По дописот до Службен весник на Република Македонија, сите ја очекуваа реакција која со само една објава, ќе, или нема да го официјализира тотално нелегитимниот избор на Џафери, за функцијата претседател на законодавниот дом.

На 8 мај 2017 година, се потврди фамата дека нелитимноста на Џафери ќе се официјализира, а со тоа и целата постапка на пристисоци и уцени кон политичките партии, но и македонската јавност.

Последниот филтер на почитување на Уставот беше во рацете на Кржалоски, кој како в.д. директор на Службен весник на Македонија, воедно и уредник, можеше да не ја објави одлуката потпишана од Мисовски, затоа што Мисовски лажно се претстави, но внукот на Канческа Милевска и пријател на Мијалков го озаконува Џафери.

Во Службен весник на Република Македонија број 53/17, како 1003 точка е заведено и објавено “Одлука за избор на претседател на Собранието на Република Македонија”.

Веста во целост гласи: “Одлука за избор на претседател на Собранието на Република Македонија; 1. За претседател на Собранието на Република Македонија се избира Талат Џафери, пратеник во Собранието на Република Македонија; 2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен весник на Република Македонија; Собрание на Република Македонија; број 08-1108/1; 2 мај 2017 година Скопје; заменик претседавач на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија Горан Мисовски, с.р.”

И со ова објавување, се поставува суштинско прашање.

Дали Лука Кржалоски, не беше доволно доблесен да си поднесе оставка од в.д. функцијата, со што немаше да ја процесуира оваа нелегитимна и фалсификувана одлука ,потпишана од лице кое не ја извршува функцијата за која се претставува?

И што ќе беше ако беше по Устав?

Имено Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во Службен весник на Република Македонија, е сосема јасен па во својот член 18 вели:

Со работата на Јавното претпријатие раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија за време од четири години. Директорот на Јавното претпријатие по својата функција е и одговорен уредник на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија.

По оваа објава, се се легитимираше, легализираше и даде правен основ на сите фалсификувани дејствија, кршења на Уставот на Република Македонија но и Деловникот за работа на законодавниот дом, па Талат Џафери нелегитимно доби легитимитет, да е носител на фунцијата, која по овие докази му е поклон од партискиот пазар помеѓу СДСМ и ДУИ, но не и Одлука на Собранието на Република Македонија.

Талат Џафери, продолжението на конститутивната седница во своето 21 продолжение, го одржа на 31 мај 2017 година. Талат Џафери, на дневен ред ја стави точката пред него и се именуваше составот на комисијата која требаше да го понуди како кандидат што е апсурд.

Претходниот ден на 30 мај, 2017 година Талат Џафери ја отвори 2 Седница на Собранието на Република Македонија каде за прв пат се обрати на пленарна седница како претседател на законодавниот дом и тоа на Албаски јазик со зборовите: ” Да се заблагодарам на сите оние кои што ја поддржаа мојата номинација за Претседател на Собранието исто така и на сите тие кои не го поддржаа мојот избор за претседател на Собранието над се свесен за сите предизвици со кои ќе се соочам при извршување на оваа должност свесен за сите обврски кои ги презедов јас ќе ја оценувам создадената ситуација за да можеме да го дадеме првиот сигнал на тоа што во нашите односи е потребно како толеранција за да се овозможи парламентарниот процес да се одвива согласно Договорот за коалиционирање. Работите на оваа седница од донесување на закони за јазицијате ќе ги продолжам на македонски јазик да ги претседавам, а ова да биде нова појдовна точка на работата на новиот парламентарен состав кој треба да резултира со тоа што е сеопфатна поддршка на пратениците и граѓаните на Република Македонија како очекување за нашата работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...