По изборот на претседател, во наредните денови треба да се закаже и седница за избор на новата влада, а рокот за поднесување предлог за избор на новата влада истекува на 2 септември.

Објавил: Владо Марин | 21 август, 2020 10:16

Џафери ја закажа собраниската седница за денеска напладне

Фото/Текст извор: ©mkd

Претседавачот на Собранието, Талат Џафери за денеска напладне го закажа продолжението на конститутивната собраниска седница на која тој треба повторно да биде избран за претседател на Законодавниот дом.

Како што информираат од Собранието, седницата е закажана откако 62 пратеници доставиле предлог за избор на Џафери за претседател, што значи дека на предлогот се потпишале сите пратеници од парламентарното мнозинство во кое се коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, вклучувајќи ја и Беса, ДУИ и ДПА.

По изборот на претседател, во наредните денови треба да се закаже и седница за избор на новата влада, а рокот за поднесување предлог за избор на новата влада истекува на 2 септември.

Новата Влада ќе има 19 министри и премиер, наместо 26 како досега. Од предложените ресорни министри од редовите на СДСМ половина се жени, а половина се мажи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести