И овај викенд полицијата имаше полни раце работа

Објавил: admin@magazin | 13 август, 2018 10:36

25 сообраќајки во Скопје, повредени мајмалку 22 лица

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Најмалку 22 повредени, од кои едно потешко, е билансот од вкупно 25-те сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Скопје за време на викендот. Во 14 сообраќајки причинета е материјална штета.

Според извештајот на СВР Скопје, за време на викендот 116 возачи возеле побрзо од дозволената брзина, а од сообраќај се исклучени 35 возачи кои управувале автомобил пред да се стекнат со возачка дозвола, осум возачи кои возеле под дејство на алкохол и четворица возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 25 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Сообраќајната полиција издала казни за 145 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 141 возило.

На крстосница на црвено светло поминале 11 возачи, двајца не им дале предност на минување на пешаци, а петорица неправилно се престроиле.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.