На вкупно 18 страни уплати има по 103 уплати што покажуваат дека на „Слободен печат“ од сите министерства и јавни установи му се исплатени 37.270.197 денари или 606.020 евра.

Објавил: Македонка Димкин | 7 февруари, 2020 12:47

600 илјади Евра од народот за новинарот Тричкоски да сее омраза?

Фото/Текст извор: ©vecer

Во реакција на антисемитскиот напад на новинарот на „Слободен печат“, Бранко Тричковски кон министерката Рашела Мизрахи, портпаротлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски наведе дека, медиумот минатата година добил најмногу субвенции во износ од 238.000 евра.

Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи, напиша Тричковски на „Твитер“.

На почетокот на јануари имаше низа навреди упатени кон министерката Рашела Мизрахи, кон кои се приклучи и функционерката од редовите на СДСМ, Мерсиха Смаиловиќ која ја повика Мизрахи, наместо знаме на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе има интервјуа да си става давидова ѕвезда – симбол со кој Хитлер и нацистите ги бележеле Евреите пред да ги пратат во контрационите кампови на смртта.

Владата субвенционира за ширење на идеите на антисемитист како Бранко Тричковски и поинаку не може да биде разбрано, смета Стоилковски.

Во тој контекст весникот „Вечер“, ги анализира податоците објвени на владината алатка, „Отворени финансии“ кои покажуваат дека  „Слободен печат“ примил над 600.000 евра од владата и државни институции. Отворени финансии регистрираат дека од појавувањето, до денес, медиумот добива редовни исплати од буџетот.

На вкупно 18 страни уплати има по 103 уплати што покажуваат дека на „Слободен печат“ од сите министерства и јавни установи му се исплатени 37.270.197 денари или 606.020 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.