Борислав Зумбулев бугарски колумнист: Луѓето во Скопје некогаш може и биле Бугари, но денес тие се посрбени, културно, јазично, воено и на секаков друг начин.

Објавил: Македонка Димкин | 22 октомври, 2019 0:55

Целокупната омраза на Бугарите кон Македонците собрано во еден текст!

Фото/Текст извор: ©24casa.bg

Се разбира дека историјата како од стриповите, која си ја измислија во Скопје, е повеќе од смешна. Но, и покрај тоа Бугарија треба да престане да со репресијата врз режимот во Скопје и да направи сѐ што е во нејзина моќ република Северна Македонија и Албанија веднаш да влезат во ЕУ. Многу е важно тоа да се случи пред приемот на Србија и така по мирен пат да се спроведе бугарскиот национален идеал од XIX век.

Зашто ветото на Франција им служи на Белград и Москва и неговата цел е да се помогне на Србија и на Јужна Србија, кое е поправилното именување на Република Северна Македонија, како упориште на руските интереси на Балканот. Оставката на владата на Зоран Заев е дел од замислата да се урне европската перспектива на Скопје. Позициите кои ги држиме во таа мешана бугарско-северномакедонска комисија се бесмислени и комични.

Тито победи, како што милувам да речам. Луѓето во Скопје некогаш може и биле Бугари, но денес тие се посрбени, културно, јазнично, воено и на секаков друг начин. Единствената шанса ни е да влезат во ЕУ и така ние, бугарите, да навлеземе по мирен пат повторно во таа територија и некако да си ја поделиме со албанците. Зашто сѐ друго означува опасно расширување на Србија и враќање на дневниот ред на ’90-тите или во XIX век. На Париз не му служи на чест да им служи на империските интереси на Белград и Москва, но тоа веќе се случи со одложување на датумот за преговори за во април.

За нашите браќа од Вардар, кои со декади беа подложени на бpyтална србизација, приемот во ЕУ пред Белград е шанса за ослободување од српската окупација.

Ако луѓето од Повардарјето ни се браќа, србите ни се ништо помалку од најголем соперник (да не речам непријател) во последните 150 години. Од таму ни доаѓале само подлости, почнувајќи од Димитар Општи, преку војната против Обединувањето (Српско-бугарската војна), Југославија, Миле Китич и денешните интриги преку Макрон.

Можеби е време нештата да се наречат со вистинските имиња. Македонците се древно грчко племе кое живеело во реонот на Пловдив и стигнало до Египет И Хималаите. Тие од Скопје се посрбени бугари, кои го искористија името македонци за да им ги исперат мозоците, досега доста успешно. Нема ниту македонски песни, ниту македонска ракија. Првото се далматински мелодии, прогласени во времето на Југославија како некаков квазифолкор.

Нема никакви девојчиња и милепопјордановци. Во нив нема никакви нерамноделни тактови – никакви 5/8 или 7/8 тактови. Тоа се некакви италијански хармонии. Автентично е само пајдушкото оро. И ракијата им е обична гроздова.

Затоа, да се срдиме сега за историјата, пеејќи за охридските извори, не е патриотски. Воопшто и употребата на изразот „македонски“ за што и да е граничи со национално предавство.

Ако навистина си ја сакаме татковината, треба да направиме сѐ што е возможно Скопје да биде примено веднаш и безусловно во ЕУ. Сѐ друго не е љубов кон Бугарија, туку кон Југославија и Советскиот сојуз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести