-Бројни нерегуларности се забележани во организација на СДСМ и ДУИ, како заплашување на гласачи, бугарски воз во Липковско и Сарај, употреба на полицијa – рече Таравари пред новинарите.

Таравари: Водиме убедливо пред ДУИ, се надевам овој победнички тренд ќе продолжи

Ние сме во убедлива предност пред ДУИ во изборните единици од каде добиваме информации, се надеваме дека овој тренд ќе продолжи...

Владо Марин / 15 јули, 2020 22:14

Од отворањето на гласачките места до 21 часот во МВР биле пријавени вкупно 151 настан, но 31 од нив биле лажно пријавени, односно полицајците излегувале на терен, но не го констатирале она што било пријавено.

Чулев: Приведени се осум лица, најмногу прекршоци имало во Струмица, а најмалку во Охрид

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев денешниот изборен ден го прогласи за успешен, поминат во фер...

Владо Марин / 22:03

На поставено новинарско прашање колку мандати би освоила Коалицијата „Можеме“, потенцираше дека оваа прес конференција е за честитки на граѓаните, а на следната веќе ќе бидат презентирани првичните резултати!

Николовски: Првичните резултати покажуваат голема победа за СДСМ

Секретарот на СДСМ и кандидат за пратеник, Љупчо Николовски на прес конференција по затворање на избирачките места истакна...

Владо Марин / 21:56

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека излезноста на изборите надминала 50 отсто!

СЕ БРОЈАТ ГЛАСОВИТЕ: Изборите завршија, излезноста надмина 50 отсто

До 20:30 часот излезноста на предвремените парламентарни избори, во сите шест изборни единици е 50,84% отсто, соопшти претседателот...

Владо Марин / 21:49

Досега своето право на глас го оствариле 436,034 граѓани кои гласале на предвремените парламентарни избори, а податоците се однесуваат за 3,371 избирачки места.

Голема излезност до 13 часот: Правото на глас го искористиле 436,034 граѓани

На прес-конференцијата во 13 часот Државната изборна комисија ја објави излезноста на избирачките места до 13 часот која е...

Катерина Крстиќ / 13:46

Денешните избори треба да бидат празник на демократијата и доказ за функционирање на уставно – правниот систем на државата. Очекувам изборниот ден да помине во мирна, фер и демократска атсмофера.

Чулев: Денешните избори треба да бидат празник на демократијата

Денес на територијата на целата држава се одржуваат предвремени парламентарни избори. Утрово во основното училиште Браќа...

Владо Марин / 11:48

Избирачките места за гласањето на десеттите парламентарни избори во земјава, петти предвремени, се одржуваат под посебни услови поради пандемијата со Ковид-19, а изутринава беа навреме отворени, гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми.

МВР: Изборите се одвиваат мирно и во најдобар ред!

Досега нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир на гласачките места, информира за МИА портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. –...

Катерина Крстиќ / 10:27

Службата ќе работи во периодот од 7 до 19 часот, а со цел да им се овозможи на граѓаните, кои претходно поднеле барање, да си ги подигнат личните карти и да може да го остварат правото на глас!

МВР: Поради изборите, лични карти ќе може да се подигнат и денеска

Министерството за внатрешни работи информира дека управните служби при МВР на територијата на целата држава денеска за...

Владо Марин / 9:25