Од отворањето на гласачките места до 21 часот во МВР биле пријавени вкупно 151 настан, но 31 од нив биле лажно пријавени, односно полицајците излегувале на терен, но не го констатирале она што било пријавено.

Објавил: Владо Марин | 15 јули, 2020 22:03

Чулев: Приведени се осум лица, најмногу прекршоци имало во Струмица, а најмалку во Охрид

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев денешниот изборен ден го прогласи за успешен, поминат во фер и демократска атмосфера.

Заклучно до 20 часот на сите 8 сектори за внатрешни работи пријавени се вкупно 151 настан, од кој за 31 настан наводите не се потврдени, а констатирани се 9 прекршоци, 3 за лажно пријавување на настан, 3 за викање и карање на јавно место…

Приведени се 8 лица од кои 4 за фотографирање, 3 за сторени прекршоци и едно кај кое било најдено гласачко ливче. Најмногу прекршоци се пријавени на подрачјето на СВР Струмица, вкупно 38 , 31 Скопје и Штип, Битола 23, Куманово 14, Тетово 6 и Велес 5, а најмалку односно 3 во Охрид. Пријавите во најголем дел се за агитирање вкупно 75, 29 за давање поткуп, 5 за нарушување на ЈРМ, 2 за физички напади”, изјави Чулев.

Министерот за внатрешни работи посочи дека генерална констатација негова, како и на неговите колеги во МВР што работеле на изборите, е дека овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера кои се доказ дека граѓаните се совесни, но и МВР функционира според Уставот и законите, пишува МКД.

„Задоволство ми е што како министер во техничката влада успеавме во исклучително тешки околности да го дадеме својот максимум да ја обезбедиме безбедноста на овие парламентарни избори“, дополни Чулев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести